Интегрираното македонско парче од европското небо и одговорноста за него

И сега доаѓаме до во последно време најчесто споменуваниот Евроконтрол – Европската организација за безбедност на воздухопловната навигација. Евроконтрол е посебна меѓународна организација основана уште во 1963 година со најопшта цел да се воспостави еднообразен европски систем за управување со воздушниот сообраќај, пишува Малинка Ристевска Јорданова

-

Анализа за Порталб.мк на Малинка Ристевска Јорданова, Институт за европска политика

Последниве години многу се дебатираше околу тоа, дали државите од регионот треба да прифатат нешто како Европската економска област или поедноставено – учество во европскиот заеднички пазар, како замена или меѓучекор до членство во ЕУ. Дури и владините претставници кои прво беа многу скептични сега се залагаат за ваква опција како „меѓучекор“, па дури и нашите, па дури и сега „кога ЕУ никогаш не била поблиску“.

Автор: Малинка Ристевска – Јорданова

Ова ни е само вовед, но не и денешна наша главна тема. Главна тема е паралелата што ја правиме со една европска област во која веќе сме или барем треба да бидеме во голема мера интегрирани во ЕУ, а тоа е европското небо.

Во 2006 година државите од Западниот Балкан пристапија заедно со државите од Европската економска област во договорот наречен Заедничка европска воздухопловна област. Со тоа тие станаа дел од заедничкиот европски пазар во областа на воздухопловството, но презедоа и обврски да го преземаат и спроведуваат европското законодавство во оваа област, познато под името „Единствено европско небо“. Тие обврски се изрично наведени во анексот на Договорот и се класифицирани во подрачјата: пристап до пазарот, управување со воздухопловниот сообраќај, безбедност, сигурност, заштита на животната средина и од бучавата, социјални аспекти и заштита на потрошувачите. На ниво на ЕУ функционира Европската агенција за безбедност во воздухопловството, каде сме набљудувачи, и која, меѓу другото, спроведува проекти за поддршка на реформите во оваа област во регионот.

И сега доаѓаме до во последно време најчесто споменуваниот Евроконтрол – Европската организација за безбедност на воздухопловната навигација. Евроконтрол е посебна меѓународна организација основана уште во 1963 година со најопшта цел да се воспостави еднообразен европски систем за управување со воздушниот сообраќај.

Македонија е полноправна членка на оваа организација уште од 1998 година. Тоа е само година-две по државите од Централна и Источна Европа, а повеќе години пред другите држави од регионот, а и пред балтичките земји – сега членки на ЕУ. Според основачката Конвенција на оваа организација, земјите членки учествуваат во нејзиното финансирање според посебна формула на пресметка утврдена во нејзината основачка Конвенција, но и бројот на гласови зависи од процентуалното учество во Буџетот.

На Евроконтрол Европската унија со посебни акти и ѝ има доверено значајни задачи од пакетот „Единственото европско небо“, опфатени со функцијата „управител на Мрежата”. Евроконтрол објавува детални годишни извештаи за имплементацијата на
Единственото европско небо на нејзините членки. Последниот таков (детален) извештај – за 2022 година – е објавен во април 2023 година. Според последниот Извештај на Европската комисија, Македонија одржува „добро ниво на усогласеност со acquis за воздухопловството, но сепак тоа е “делумно“ усогласено во однос на безбедноста на воздухопловството.

И сега би можеле понатаму да дообјаснуваме, но за оваа прилика доволно е да застанеме овде. За сите оние кои повеќе се интересираат за европската воздухопловна архитектура има доволно отворени податоци од релевантни извори.

Она што за нас е најбитно е дека Македонија во воздухопловната област е веќе длабоко интегрирана со ЕУ – пат по кој тргна релативно рано во транзициониот период. Секако дека релевантно е и нашето членство во НАТО. Учеството скоро триесет години како полноправна членка во Евроконтрол, учеството во Заедничката европска воздухопловна област, набљудувачкиот статус во значајни институции како Европската агенција за безбедност на воздухопловството, бројните реализирани проекти, досега требаше да обезбедат постојан, сигурен раст.

Наместо тоа, сведоци сме на грубо кршење на основни правила кои важат во крајно осетливата воздухопловна област. И за тоа јавноста бара одговорност. Меѓутоа, сведоци сме и на повици од највисоко владино ниво проблемите да ни ги решат оние европски институции каде што треба да сме рамноправни, интегрирани до највисока можна мера и достојни за таквото ниво на интеграција. И за ваквиот апсурд е неопходна одговорност.

 

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се занимава со...

Предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

Секторот за внатрешни работи-Тетово ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие...

Кривична за полицаец, злоупотребил потпис на раководител на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при Министерството за внатрешни работи,  до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела...

Сè уште нема абер од ветените народни канцеларии на претседателката Сиљановска

Сиљановска-Давкова меѓу примарните цели за кои ќе се залага како претседател, ветуваше дека првото што ќе го направи ќе биде враќањето кај граѓаните преку повторно отворање на народните канцеларии. Граѓаните во...

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се...