fbpx

Данска доби нов крал – Фредерик Десетти го презема тронот откако неговата мајка се повлече

Потпишувањето на декларацијата за откажување од престолот од страна на Маргарета Втора значи дека нејзиниот 55-годишен син автоматски станува крал Фредерик Десетти. Тој беше прогласен од данската премиерка Мете Фредерексен, на балконот на палатата Кристијансборг

-

Данската кралица Маргарета Втора ја потпиша својата декларација за абдицирање, односно откажување од престолот, ставајќи крај на нејзиното 52-годишно владеење како монарх со најдолг стаж во Данска и донесувајќи го нејзиниот најстар син Фредерик на кралското место како шеф на државата.

Илјадници луѓе се собраа на улиците во главниот град Копенхаген за да се простат од Маргарет, која стана првиот дански монарх во речиси 900 години што доброволно абдицираше, јавува Гардијан.

На улиците во Копенхаген пристигнале посетители од целиот свет, на настанот што се случува еднаш во генерацијата, а голем дел од градските хотели биле со целосно пополнети капацитети.

Дел од посетителите носеле домашни картонски круни и костими, со црвено-бели знамиња во рацете, а биле изложени и знамињата на Гренланд и Австралија, поради националноста на новата кралица Мери, сопругата на кралот Фредерик, која е Австралијка.

Потпишувањето на декларацијата за откажување од престолот значи дека нејзиниот 55-годишен син автоматски станува крал Фредерик Десетти. Тој беше прогласен од данската премиерка Мете Фредериксен, на балконот на палатата Кристијансборг.

Абдицирањето на Маргарета Втора дојде две недели по изненадувачката објава во нејзиниот новогодишен говор што остави голем дел од земјата во неизвесност, а своето изненадување не го криеше ниту премиерката Фредериксен.

Според протоколот, во Данска немало церемонија на крунисување речиси ниту еднаш од воведувањето на Уставот во 1849 година, па немаше ниту сега. Наместо тоа, наследувањето официјално се случи во палатата Кристијансборг, откако кралицата ја потпиша декларацијата за нејзиното повлекување.

Фредерик и Мери ја преземаат кралската улога во време кога тие и данската монархија, според анкетите, имаат висок рејтинг. Мери го запознала Фредерик на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година и имаат четири деца.

Денот, сепак, помина без протести. Антимонархиската група „Републик Ну“ (Република Сега), која тврди дека добила зголемена поддршка по објавувањето на абдицијата, протестираше за време на прогласувањето на кралот. Лидерот на групата, Мадс Рундсторм, рече дека биле инспирирани од антимонархиските протести во Британија за време на крунисуваањето на кралот Чарлс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...