fbpx

Илјадници луѓе на улиците на Турција за поддршка на Ердоган

-

Илјадници луѓе синоќа се собраа во истанбулскиот кварт Кисикли во знак на поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Собраната маса луѓе со турски знамиња се одзва на повикот на Ердоган да излезат на улиците.

Ердоган има куќа во квартот Кисикли, кој се наоѓа на азиската страна на Истанбул.
Светските медиуми јавуваат дека луѓе се собирале и во Анкара пред џамијата „Бестепе“ за да ја заштитат од напади од поддржувачите на опозицискиот лидер Фетулах Ѓулен.

Ердоган вчера од Истанбул пристигна во Анкара, каде што во националниот парламент беше дочекан со аплауз.

Во зградата на парламентот, која беше оштетена за време на обидот за државен удар, одржана беше вонредна седница, која почна со една минута молк, по што беше интонирана националната химна.

На седницата присуствувал и премиерот Бинали Јилдирим, како и началникот на генералштабот Хулуси Акар, кој претходната вечер беше држен како заложник.

Јилдирим во обраќањето пред пратениците вети нов почеток, а пучистите ги нарече „терористи“. Тој им се заблагодари на опозицијата и на граѓаните, а 15 јули го нарече иден празник на демократијата.

Ердоган претходно изјави дека по обидот за пуч, ќе побара од американскиот претседател Барак Обама за го екстрадира Ѓулен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...