fbpx

Турските војници изведени пред обвинител во Александруполи, утре одат на судење

-

Осумте турски војници што побараа азил во Грција, во моментов се изведени пред обвинител во Александруполи. Во зависност од изјавите и од одлуката на обвинителството, војниците утре најверојатно ќе бидат изведени пред суд со обвинение дека нелегално влегле во државата и направиле обид за нарушување на меѓународните односи меѓу Грција и Турција.

Хеликоптерот со кој слетаа во Грција вчера доцна вечерта беше вратен во Турција, а војниците ќе останат во Грција сè додека трае правниот процес.

Паралелно со судењето за овие обвиненија, ќе тече и процесот за екстрадиција на војниците во Турција. Проценките се дека овој процес нема да биде брз поради комплексноста на ситуацијата и фактот што војниците бараат политички азил во Грција. Војниците ќе треба и официјално да поднесат барања за азил во грчката служба за азил во Александруполи. Според информациите, процесот за разгледување на барањето за азил ќе трае две до три недели.

Доколку на судењето војниците бидат осудени како виновни, тогаш тие ќе одат во затвор во Александруполи и ќе останат таму додека не се добие конечна одлука за тоа дали Грција ќе им одобри азил или не.

Ситуацијата е деликатна и комплексна и може во секој момент да создаде голем дипломатски скандал меѓу Грција и Турција. Иако грчките власти не би сакале во овој момент да создадат проблеми со Турција, сепак државата мора да го почитува домашното и меѓународното право кога станува збор за баратели на политички азил. Она при што Грција е особено внимателна е фактот дека од Турција стигнаа потенцијални закани дека сите војници што учествувале во пучот може да се соочат со смртна казна.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, вчера двапати разговараше со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас. Чавушоглу преку „Твитер“ порача дека Грција треба да ги екстрадира војниците во Турција. Коѕиас при вториот телефонски разговор посочил дека Грција ќе го разгледа барањето на турските војници според грчкото и меѓународното право и ќе ги почитува сите предвидени правни процеси, но секако ќе го земе многу сериозно предвид фактот дека војниците се обиделе да го нарушат уставниот поредок во Турција и да ја урнат демократски избраната власт.

За ова деликатно прашање разговараа и Ердоган и грчкиот премиер Алексис Ципрас. Според грчки владини извори, Ципрас за враќањето на војнците истакнал дека процесот за разгледување на барањето за азил ќе биде брз и ќе има целосно почитување на меѓународното право и одредбите за човекови права. Ципрас истакнал дека бранењето на принципите на демократијата и на уставниот поредок е клучно за Грција и за грчкиот народ, изразувајќи му со ова уште еднаш поддршка на Ердоган.

Адвокатката на војниците, Катерина Дапудани, во интервју за телевизијата „Мега“ изјави дека војниците инсистираат дека не биле вклучени во обидот за воен удар против Ердоган и не знаеле што точно се случува.

„Војниците добиле наредба да пренесат повредени лица, добиле наредби од нивните претпоставени, во нивното летало било пукано од полицијата од земја и одлучиле дека мора да избегаат за да се спасат“, изјави Дапудани за „Мега“.
Адвокатката посочи дека ситуацијата е многу деликатна, а војниците се плашат и за своите и за животите на нивните семејства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...