Груевски до Хан: И како опозиција, силно ќе работиме Македонија да стане членка на ЕУ

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, во Брисел. На средбата, Груевски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција силно ќе работи Македонија да почне преговори со Европскaта Унија и да добие членство во НАТО.

„По толку многу направени реформи, редно време е Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската Унија и да се отстранат пречките. Исто така, наша генерална позиција е дека треба да ја добиеме и поканата за НАТО. Предолго време чекаме и предолго сме блокирани не заради реформите, бидејќи во 2008 година беше кажано дека Македонија ги направи реформите, а не беше поканета во НАТО“, истакнал Груевски.

Попладнево, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ имал средби и со европратениците Едвард Кукан и Андреј Ковачев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уставниот суд бара информации од надлежните дали се спроведува одлуката за јавен превоз за сите средношколци

Со одлука на Уставниот суд беа укинати делови од Законот за средното образование, во кој беше повреден принципот на еднаквост, при што се правеше разлика меѓу средношколците од јавното...