fbpx

Германската влада ќе бара граѓаните да прават 10-дневни резерви со храна, вода и лекови

-

Германија планира да побара од граѓаните да направат резерви на храна, вода и на други продукти во случај на катастрофа или вооружен напад, јавува „Дојче веле“, цитирајќи го весникот „Франкфуртер алгемајне сонтагцајтунг“.

Предлогот, кој би бил прв ваков од крајот на Студената војна, наводно, е содржан во владината стратегија за цивилна заштита. Според документот, кој требало да биде објавен в среда, жителите ќе треба да направат 10-дневни резерви на храна, вода, енергија, пари и на лекови, што би им биле доволни додека владата одговори на состојбата.

Новиот предлог доаѓа во време кога владата ги зголемува безбедносните мерки во земјата, каде ситуацијата е тензична по неодамнешните бројни инциденти. Во последниот напад, извршен на 24 јули, сириски исламистички бомбаш-самоубиец повреди 15 лица на музичкиот фестивал во германскиот град Ансбах. Истиот ден, бегалец од Сирија со мачета уби жена и повреди две други лица во Ројтлинген. Овој напад не беше поврзан со исламистите, но еден ден претходно, лице инспирирано од Исламска држава беше убиено откако избоде неколку лица во воз на југот на земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...