fbpx

Германија: Претреси во куќи поради лажни француски пасоши

-

Германската полиција денеска пребарала три куќи во западната покраина Северна Рајна-Вестфалија, каде неколку лица се осомничени за обид да набават лажни француски пасоши, соопшти обвинителството во Берлин.

Портпаролот додаде дека никој не е уапсен, но не сакаше да каже дали има поврзаност со минатомесечните напади на Исламска држава во Париз, во кои загинаа 130 лица.

Специјалните сили биле распоредени поради рациите затоа што се верува дека осомничените би можеле да бидат вооружени, иако досега немало насилства.

Портпаролот на сојузната полиција рече дека акциите, во кои учествуваат 80 полицајци, почнале утринава во 6 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.