fbpx

Француската влада подготвува измени на уставот

-

Француската влада подготвува измени на уставот што би дозволиле воведување вонредна состојба со максимално траење од шест месеци и одземање на француското државјанство на лицата осудени за тероризам кои имаат двојно државјанство, наведоа извори од владата.

Нацрт-законот неделава е доставен до владата за да се пристапи кон измена на уставот за која говореше францускиот претседател Франсоа Оланд по терористичките напади од 13 ноември во Париз.

Оланд воведе вонредна состојба вечерта за време на нападите, а парламентот ја продолжи на три месеци до 26 февруари.

– Овие уставни реформи предвидуваат воведување кризен цивилен режим за да се дејствува против воениот тероризам – рече Оланд на 16 ноември.

Владата, исто така, сака со устав да ја регулира можноста за одземање на француското државјанство на лицата со двојни државјанства, а кои се осудени за акт на тероризам. Веќе постои еден многу слабо користен закон според кој може да се одземе државјанството на лице родено во Франција што има двојно државјанство, а кое се „однесува како државјанин на некој странска држава“.

Вонредната состојба дозволува забрана за движење на лица или возила, воспоставување заштитни зони и во некои зони забрана за престој на лица кои се обидуваат на некој начин го попречуваат дејствувањето на јавните власти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...