fbpx

Франција го зголемува буџетот за одбраната

-

Франција ќе го зголеми буџетот за одбраната за речиси четири милијарди евра во период од 2016 до 2019 година и ќе распореди 7.000 војници во постојани патроли, кои ќе бидат задолжени за внатрешна безбедност. Ова денеска го најави францускиот претседател Франсоа Оланд.

По џихадистичките напади во Париз во јануари, во кои беа убиени 17 луѓе, Франција мобилизираше 10.000 војници за да се зголеми безбедноста на „најслабите точки на територијата“.

Оланд денеска изјави дека 7.000 војници ќе продолжат „трајно“ да патролираат, за Франција да се заштити од терористичките закани. Овие мерки се преземаат за да се осигури безбедноста во земјата, но и за безбедноста на француските војници кои се вклучени во меѓународна мисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...