fbpx

Во несреќен случај почина 12-годишно дете од Тетово

-

Дванаесетгодишно дете од тетовската населба Дреновец почина откако врз него паднала метална шибер-врата во дворот на фабриката „Солидпласт“ во Непроштено.

Трагичниот настан се случил вчера, околу 16 часот, кога детето се обидело да ја отвори вратата додека неговиот дедо и уште едно лице го паркирале автомобилот во дворот со кој заедно пристигнале.

Во тој момент вратата паднала, а 12-годишникот се соочил со тешки телесни повреди и во тетовската клиничка болница бил донесен без знаци на живот.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, извршија увид на местото на повредувањето, кое е фотодокументирано, а подигнати се и траги за вештачење.

Се работи на целосно расчистување на сите детали поврзани со случајот, додека по барање на семејството, безживотното тело на детето е предадено за погребување.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на својата суверена држава. Во објавата произволно се тврди дека биле испратени 300 милијарди долари и...