fbpx

Германската полиција не отстранила дете од семејството поради верско противење на хомосексуалноста

Видеото навистина ја прикажува полицијата на Бремерхавен, но откако тоа стана вирално, полицијата испрати соопштение во коешто наведува дека описот на видеото за причината за операцијата не е точен

-

Видеото навистина ја прикажува полицијата на Бремерхавен, но откако тоа стана вирално, полицијата испрати соопштение во коешто наведува дека описот на видеото за причината за операцијата не е точен. Полицијата не открива дополнителни детали за инцидентот, поради заштита на приватноста и правата на семејството и на детето. Според коментар на корисник на Твитер, напишан под изјавата од полицијата во Бремерхавен, детето не било отстрането од семејството поради „религиозно противење на родовата идеологија“, туку поради истрага за можно насилство врз малолетникот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува видеоматеријал и се вели:

Германија, град Бремерхавен.

Училиштето на детето ги информирало социјалните служби дека неговото семејство го научило дека хомосексуалноста и трансродизмот се неприфатливи за нивното муслиманско семејство, но и за него.

Одлуката на судот е да му ги одземе правата на ова семејство и да го земе детето под социјална заштита.

Меѓутоа, проверувачите на факти на Мит Детектор, водејќи се од официјално соопштени информации од страна на германската полиција, пишуваат дека наведените причини за одземањето на детето од неговото семејство се невистинити.

Видеоматеријалот на Фејсбук страниците во земјава доаѓаат во јуни, но видеото се појавува уште во април. Видеоматеријалот прикажува како полицијата изнесува дете коешто плаче од неговата куќа, додека жените во куќата се обидуваат да пружат отпор. Сите зборуваат на германски јазик. Според описот, на видеото е прикажано „отстранување на најмладиот син од семејството од страна на социјалните служби во германскиот град Бремерхавен, предизвикано од пријава од училишните служби, дека момчето било учено дома од страна на родителите дека исламот не прифаќа хомосексуалност и трансродовост“.

Неточно е тврдењето дека полицијата во Германија одзела дете од неговото семејство поради тоа што било учено дека хомосексуалноста и трансродовоста се неприфатливи на религиозна основа. Видеото навистина ја прикажува полицијата на Бремерхавен, но откако тоа стана вирално, полицијата испрати соопштение во коешто наведува дека описот на видеото за причината за операцијата не е точен. Полицијата не открива дополнителни детали за инцидентот, поради заштита на приватноста и правата на семејството и на детето, пишуваат проверувачите на Мит Детектор.

Разговорите во видеоматеријалот се на германски јазик. Една од жените кои се обидуваат да ѝ се спротивстават на полицијата вели дека момчето има напади на епилепсија и дека полициската акција може да му наштети. Полицискиот службеник потоа ѝ објаснува дека одлуката е донесена од страна на судот и дека тие само ја следат судската наредба.

Полицијата на Бремерхавен веднаш издаде соопштение во кое ја демантира веста околу причината за одземањето на детето.

Видео од заедничка операција меѓу службата за социјални работи и полицијата на Бремерхавен, кружи на социјалните мрежи, а се коментира со лажни наводи за причините за мерката. На видеото е прикажан мал исечок од судска наредба да се земат под закрила две деца. Полицијата ја поддржува службата за социјални работи во оваа операција. Земањето на децата под закрила е секогаш последното прибежиште и само се случува ако има сериозни причини. Ве молиме за разбирање дека поради заштита на семејството и децата не можеме да дадеме дополнителни објаснувања за причината за оваа одлука. Свесни сме дека видеото е емоционално вознемирувачко. Ве молиме не споделувајте лажни факти и тврдења, пишува во соопштението од полицијата.

Споменатото соопштение на полицијата на Бремерхавен е објавено и на нивните профили на Твитер и Инстаграм. Како што пишуваат проверувачите на факти на Мит Детектор, важно е да се напомене дека на изјавата од полицијата во Бремерхавен објавена на Твитер, има реакција – коментар од корисниците на онлајн платформата, според која детето не било отстрането од семејството поради „религиозно противење на родовата идеологија“, туку  вистинската причина за ова била истрага за можно насилство врз малолетникот. Објаснувањето се темели на текст од Роја Њуз, каде пишува дека сосед на семејството, кој честопати слушал детски вресоци, пријавил во полиција. Според текстот, истрагата за можно малтретирање на детето е во тек и додека таа да заврши детето ќе биде под супервизија на државните институции. 

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Не е точно дека на ова видео дете е одземено од родителите поради религиско противење на хомосексуалноста и трансродовата идеологија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...