fbpx

Герасимовски: Исчистена дивата депонија кај Паркот на новинарите, службите се погрижија за бездомниците

Заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и службеници од Центарот за социјални работи, на терен излегоа и вработени од ЈП ПОЦ и претставници од ПС Беко

-

Општина Центар ја исчисти дивата депонијата во Паркот на новинарите спроти Министерството за образование, а надлежните служби се погрижија за групата бездомници која беше незаконски населена во Паркот, соопшти Општина Центар.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски се заложил Центарот за социјални работи да ги згрижи седумте деца на возраст од 1 до 7 години кои во паркот во импровизирано живеалиште беа со 6 возрасни лица.

Заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и службеници од Центарот за социјални работи, на терен излегоа и вработени од ЈП ПОЦ и претставници од ПС Беко.

„По дојава од граѓани дека во Паркот на новинарите има диво населени граѓани со мали деца веднаш постапивме, ги повикавме институциите и излеговме на терен. Центарот за социјални работи во рамки на надлежностите ја презеде работата со малолетните деца, додека вработените од ПОЦ го исчистија и го вратија Паркот во првобитната состојба. Им благодарам на граѓаните кои алармираа за состојбата и ги охрабрувам сите останати кои ќе забележат некакви неправилности да го пријават тоа. Со нивна помош можеме навремено и брзо да реагираме“, вели Герасимовски.

Големо чистење на Паркот на новинарите Општина Центар спроведе во рамки на акцијата Генералка Викенд 2023 во која покрај општинската администрацијa се придружија и вработени од ЈП ПОЦ, Шпаркасе Банка, еколошки здруженија, пензионери, компании и други граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...