fbpx

(Фото) Незаборавен триумф над Исланд на Македонската фудбалска репрезентација

-

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го победи Исланд со 3 – 1. Со овој резултат кој е еден од најуспешните мундијалски квалификации од осамостојувањето нашите момци се изборија за пласман во баражот за Светското првенство во 2022 година во Катар.

Македонија поведе во седмата минута со голот на Езџан Алиоски. Исланд израмни во 54 минута со голот на Јон Торстејнсон, по што следеа два гола на Елиф Елмас во 56 и 85 минута за конечниот резултат од 3 – 1. Натпреварт го гледаа и навиваа преку 17.000 гледачи во Арената „Тодор Проески“.

Фото: Мета.мк

До големиот триумф над Исланд нашата репрезентација ја предводеше капитенот Стефан Ристовски. „Убаво е ова, исполнет сум емоции и горд сум што говорам пред сите за овој успех. Натпреварот колку и да звучеше пред стартот дека ќе бидеме релаксирани, притисокот си го правеше своето. Македонија не е навикната да игра вакви натпревари за влез на ЕП, за бараж на СП … Денес, Македонија им ги отвори очите на фудбалскиот свет. Како што напоменав пред мечот, квалитетот излезе на површина. Имаме одлични играчи, носители на играта во квалитетни лиги и тоа ја направи разликата. Околу публиката … драго ми е што го израдувавме овој народ. Во нашата соблекувална нема Македонец, Албанец … црн, бел … туку има единство, сите играме за еден дрес и така успеавме да дојдеме до овој бараж“, изјави Ристовски на прес-конференцијата по натпреварот.

Пласманот на нашата репрезентација во бараж за едно Светско првенство покрај тоа што е незаборавно чувство се играше по променет систем според кој треба да извојуваме уште две победи.

Фото; Мета.мк

Новиот модел на бараж или плејоф се игра по примерот на оној со кој се пласиравме на ЕУРО 2020, кога ги совладавме Косово и Грузија и наместо класични двојки и натпревари дома-гости, екипите се поделени во три групи, со по четири селекции. Трите репрезентации победници во тие групи одат на Светско првенство.

Македонија ги заврши квалификациите на второто место во групата Ј со 18 бодови, еден повеќе од третопласираната Романија, која денес на гости го победи Лихтенштајн со 2 – 0.

Претходно Германија обезбеди директен пласман на Мундијалот, а денес во Ереван ја победи Ерменија со 4 – 1.

Полуфиналињата се играат на 24 и 25 март 2022 година, финалињата на 28 и 29 март.

Јавноста која немаше можност да го следи наптреарот во живо на стадионот бурно реагираше на социјалните мрежи затоа што немаше директен пренос на Македонската Радио Телевизија.

„Пола Македонија не можеше да ја гледа утакмицата!!! Немаат сите кабловска па да можат да следат и да се радуваат на вакви успеси на репрезентацијата. Срамота за националниот сервис и за сите инволвирани што не овозмозија следење на утакмицата за обичниот Македонец“, е само еден од коментарите кои ги преплавија социјалните мрежи.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...