fbpx

Од утре задолжително поседување на зимска опрема

-

Од утре па се до 15 март задолжително треба да се поседува пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возило, велосипед и запрежно возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Под зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4×4) се подразбира зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и ширина од шест милиметри и пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и ширина со минимум од најмалку четири милиметри. Ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3500 килограми се подразбира зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и ширина од шест милиметри и пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и ширина со минимум четири милиметри, ако возилото во приборот има синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

МВР апелира до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови. Предвидената казна за непочитување на ова правило е 45 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...