fbpx

ФИТР: 28 предлог-проекти во финалната фаза на јавниот повик за справување со климатски промени

-

Во финалната селекција на јавниот повик за справување со климатски промени продолжуваат 28 предлог-проекти од вкупно 39, кои пристигнаа до Фондот за иновации и технолошки развој во изминатиов период во рамките на проектот што тие го реализираат во соработка со повеќе институции.

„Проектите нудат решенија за глобалниот проблем со климатските промени и имаат за цел намалување на негативните последици по јавното здравје. Спроведувањето на овие решенија се очекува да придонесе и кон намалување на севкупните трошоци врз јавните фондови, а кои се предизвикани од загадувањето. Проектите се оценуваат според пет критериуми: влијание на животната средина и справување со климатски промени, степен на иновативност, квалитет на предлог проект, капацитет на проектниот тим односно конзорциумот и потенцијал на пазарот,“ информираат од ФИТР.

Инаку, со јавниот повик ќе се финансираат проекти до максимален износ од 30.000 евра. На овие средства, апликантот треба да обезбеди минимум 15 проценти сопствено финансирање за предвидените активности.

Овие проекти од денес, па во следните три дена, ќе бидат претставени пред Комисијата за оценување и селекција која е составена со претставници на партнер организациите и надворешни експерти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...