Фото: Фб страна на Театар Комедија

Театар Комедија информира дека од денеска започнува со проби на отворено, а воедно и со подготовки за претставата „Си беше еднаш“ во режија на Синиша Евтимов.

Како што велат оттаму, пробите ќе се одвиваат на отворено со почитување на сите мерки и протоколи.

„Кон крајот на септември следува премиера, а започнуваме и со репертоар, исто така според сите мерки и протоколи, за што наскоро ќе објавиме известување“ велат од театар Комедија.

Инаку, уште на почетокот на пандемијата, од театарот за „Мета.мк“ изјавија дека размислуваат за опцијата претстави на отворено.

– Апсолутно размислуваме за опцијата театарски претстави на отворено. Во моментот, според нас таа опција е најприфатлива и веќе сме спремни целосно да одговориме и на тој предизвик. Акциониот план од наша страна е на хартија и само го чекаме зеленото светло. Во овој момент на публиката ѝ е потребна комедијата – изјавија од театарот.