недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ФИТР | 44 резултати

ФИТР: Млади истражувачи од основни и од средни училишта ќе релизираат зелени проекти

јуни 27, 2023

Шеснаесет основни и средни училишта од земјава ќе реализираат зелени проекти за зачувување и унапредување на животната средина и биодиверзитетот. Проектите се наградени во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи #5 – зелени проекти“, кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Како што информираа од ФИТР, од вкупно 57 пристигнати […]

Професори, поранешни новинари и ексфункционери на листата соработници во Фондот за иновации

април 28, 2023

Со хонорари кои достигнуваат и до 110 илјади денари месечно, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) се најде на тапет на Државниот завод за ревизија, кој утврди дека за периодот од 2019 до 2021 година биле потрошени речиси 750.000 евра за ангажман на надворешни лица, со договор за дело. Дополнително, ДЗР утврди и дека […]

Фондот за иновации за две години потрошил 750.000 евра на хонорарци, утврдиле ревизорите

март 9, 2023

Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави ревизорскиот извештај за Фонд за иновации и технолошки развој за периодот од 2019 до 2021 година, а во однос на кофинансираните грантови за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој. Извештајот за работата на Фондот во овој сегмент, според она што го утврдиле ревизорите, изобилува […]

За една година се дигитализирани сите ракописи од Институтот „Крсте Петков Мисирков“

јануари 5, 2023

Бележиме исполнето ветување на Министерството за култура за забрзано дигитализирање на старите ракописи од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“. Севкупната архива на овој Институт е дигитализирана за половина од ветениот рок од две години, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Министерството за култура во 2021 година најави […]

Вештачка интелигенција: Модерна алатка на дигиталното време за развој на општествата и цивилизацијата

јуни 30, 2022

Уште од појавата на компјутерите луѓето се фасцинирани од идејата дека еден ден, тие можат да станат попаметни од нас. Разговор објавен на Интернет пред неколку недели ги натера луѓето да веруваат дека ваквата иднина можеби е и поблиску отколку што замислувавме. Транскрипт од разговор помеѓу човек-инженер и вештачката интелигенција „Ламда“ за која се чини […]

Ќе се дигитализираат над 5 милиони записи на Институтот за македонски јазик

август 23, 2021

Министерството за култура на Република Северна Македонија и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) почнаа процес за забрзано дигитализирање на картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, заради заштита, категоризација и ревалоризација на културното наследство на македонскиот јазик. Предизвикот е наменет за претпријатија кои можат да понудат иновативно решение – сами или во […]

Ќе се дигитализираат картотеките на Институтот за македонски јазик

јули 31, 2021

Ќе се дигитализираат картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, одлучи Владата, а активностите, кои ќе чинат околу 80.000 евра, ќе треба да ги спроведе Фондот за иновации и технолошки развој. Како што информираат од владината прес служба, Владата на 93-та седница ја разгледала и усвоила Информацијата за преземање активности во врска со дигитализацијата […]

ФИТР во предизвикот „Стартап херои” поддржа 10 компании да развијат производи за продажба

јули 27, 2021

Вкупно 10 стартап компании ќе ги пласираат своите иновативни производи на полиците низ маркетите Тинекс, во рамките на предизвикот „Стартап херои”, кој го реализираше Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со „Тинекс маркети“ и финансиска поддршка од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка и […]

Битиќи – Петров: Ќе се распределат 5.7 милиони евра за 103 проекти на компании за забрзан раст

јули 10, 2021

Вкупно 5.7 милиони евра ќе се распределат за поддршка на 103 компании, чии проекти се одобрени за финансиска поддршка во рамките на јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан раст”, објавија денеска на заедничка прес конференција заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи […]

Проектот „m.Health” е победник на Хакатонот „Е-Здравство” на ФИТР и РОШ Македонија

јуни 28, 2021

Проектот „m.Health” понуди најиновативно и најкреативно решение за подобро управување со здравствениот систем, во рамките на првиот хакатон „Е-Здравство”, кој се одржа минатиот викенд во организација на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и РОШ Македонија, а во соработка со Министерството за здравство. На хакатонот, 11 проектни тимови под менторство на експерти од здравството […]

ФИТР: Рекордни 616 апликации на јавниот повик „Стартапувај 3“, вкупниот фонд за проекти е 2 милиона евра

јуни 22, 2021

На јавниот повик „Стартапувај 3” на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), пристигнати се 616 проектни апликации, што претставува рекорден број во однос на сите останати повици во рамките на повикот Стартапувај, а 42 отсто од апликантите се проектни тимови од физички лица. Инаку, ова е за прв пат ФИТР да овозможи аплицирање на […]

ФИТР за прв пат инвестира во 4 стартап компании за развој на дигитализација на земјоделството

јуни 15, 2021

Четири стартап компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на првиот „Предизвик за дигитализација на земјоделство” кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка. Добитниците се: […]

ФИТР: Поддршка за над 150 ученици од целата држава за иновативни зелени проекти

јуни 11, 2021

Вкупно деветнаесет основни и средни училишта од целата држава ќе реализираат зелени проекти за зачувување и унапредување на животната средина и биодиверзитетот, информираат од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Проектите се наградени во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи #4 – зелени проекти”, кој го спроведува Фонд за иновации и технолошки […]

Објавен првиот хакатон на ФИТР и Рош Македонија „Е-Здравство“ за иновативни решенија во здравствениот систем

јуни 2, 2021

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со фармацевтската компанија Рош Македонија како корпоративен партнер, заедно со Министерство за здравство и Управата за електронско здравство, денеска го објавија јавниот повик за учество на првиот хакатон: „Е-Здравство“, со кој ќе се бараат е-решенија за подобро управување со здравстениот систем и кои ќе бидат целосно […]

Битиќи: Развојот на економијата доаѓа од бизнисот, не од политичарите

мај 27, 2021

Владата е таа која треба да им го олесни и да им го трасира патот за водење бизнис на младите претприемачи, пред сѐ на оние кои сакаат за првпат да започнат со сопствен бизнис. Затоа што развојот на економијата доаѓа од бизнисот, не од политичарите. При тоа е клучно, младите да добијат јасна визија што […]

ФИТР: Најголем е интересот за стартап компании за софтвер за претпријатија

мај 21, 2021

Повеќе од 70 отсто од стартап компаниите во државата во фазата на развој на бизнисот имаат потреба од дополнителни финансиски средства, покажува истражувањето од „Стартап Македонија“ со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Според анализата со која се опфатиле над 80 стартапи од државава и повеќе од 28 организации за поддршка и […]

ФИТР објави повик за млади иноватори „Младите создаваат“, вкупниот фонд за поддршка е 146 илјади евра

мај 17, 2021

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го објави јавниот повик „Младите создаваат“ за воспоставување на лаборатории за производство. Целта е преку проекти, учениците и студентите на возраст од 15 до 29 години, не само да стекнат знаење, туку и вештини и тоа на креативен и аналитички начин да го применат за изнаоѓање нови […]

ФИТР и „Семос Едукација“: Бесплатни обуки за 1.000 лица за вештачка интелигенција

мај 7, 2021

„Семос Едукација“ и Фондот за иновации и технолошки развој започнуваат партнерски проект за развивање и поголема имплементација на вештачката интелигенција во државата. Преку бесплатна едукација 1.000 средношколци од 17 и млади до 29 години ќе имаат можност да учат како да ја применат вештачката интелигенција во секојдневното живеење и работење. Проектот предвидува посети на две […]

ФИТР: За нови старт-ап и спин-оф компании обезбедени неповратни 2 милиона евра

април 28, 2021

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го објави конкурсот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва, старт-ап и спин оф, од инструментот за поддршка „Стартапувај 3“, кој ќе трае до 12 јуни годинава. Вкупниот буџет изнесува 2 милиони евра и преку овој инструмент се очекува да се поттикне развојот на воведувањето иновации и […]

ФИТР: Од 706 пријавени, 540 компании аплицираат за прв пат на јавните повици на Фондот

април 12, 2021

Од 706 пријавени на јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст, дури 540 се компании кои аплицираат за прв пат на некој од јавните повици на ФИТР, додека 207 се стартап компании, покажува првичната анализа на Фондот за иновации и технолошки развој. „Горд сум што и во време на глобална […]

Страна 1 од 2