fbpx

Европски парламент: Западен Балкан на листата безбедни земји

-

Европскиот парламент почна процедура за создавање заедничка европска листа на безбедни земји во своето соседство, каде треба да се најдат седум држави, односно целиот регион на Западен Балкан и Турција.

Ако се усвои листата, тоа би значело дека граѓаните на тие држави нема да можат да добијат азил во земјите членки на Европска Унија. ЕП со тоа се надева дека со листата ќе се намали притисокот од барателите на азил во земјите членки на ЕУ.

Според податоци на Фронтекс, само минатата година и само од Косово во ЕУ пристигнале и побарале азил 24.000 луѓе.

Комитетот за правда и за граѓански слободи во ЕП ја почна иницијативата за создавање листа на безбедни земји од Западен Балкан и Турција.

Иницијативата е во зачеток и се очекуваат полемики во однос на тоа кој и како ги исполнува критериумите за да се најде на листата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...