fbpx

Сојуз на земјоделци: Јагнешкото месо со ниски откупни цени

-

Во пресрет на Велигден, јагнешкото месо се продава по цена од 120 денари за еден килограм, реагираат од Сојузот на земјоделци. Според нив, цената е најниска споредувајќи ги последниве неколку години, кога јагнешкото се продаваше по 160 денари за килограм.

Сточарите не можат да ги покријат трошоците, голем дел од нив се во загуба. Проблемот може да се надмине ако државата ја укине забраната за извоз на жив добиток.

– Ние сега сме принудени да го продаваме јагнето на домашните кланици, кои ја формираат цената со фирми од Италија и од Хрватска, каде јагнето се извезува заклано и се продава по многу повисока цена од таа што нам ни ја диктираат. Кога би можеле да извезуваме жив добиток, тогаш би ја продавале стоката жива, надвор од нашата земја по многу повисока цена. Имаме разговарано со фирми од Турција, Хрватска и од други земји, кои сакаат да купат живо јагне, но ние како сточари имаме забрана за извоз – вели Меѓит Амити, потпретседател на Сојузот на земјоделци на Македонија.

Поради ниската цена, според Амити, сточарите се откажуваат од чување на јагниња за приплод. Сета стока ја колат.

– Сточарите немаат пари за да ја одгледуваат стоката. Трошоците се големи, за храна, не дај боже да се разболе стоката. Па, мора да ги заколат јагнињата, Тие веќе ретко чуваат јагниња за приплод, поради тоа последниве години се намалува бројката на овци во Македонија – вели Амити.

Во Македонија моментално има регистрирано околу 500.000 овци, за разлика од пред две децении кога нивната бројка изнесуваше два милиони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...