недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: визи | 32 резултати

Советот на ЕУ со „зелено светло“ за безвизен режим за Косово

9 март 2023

Советот на ЕУ денеска даде поддршка за овозможување безвизен режим за државјаните на Косово, односно нивно патување без визи во ЕУ. Сега на потег е Европскиот парламент. Доколку биде донесена одлуката, Косовците ќе патуваат во ЕУ без визи или од мигот на стапувањето на сила на новиот режим European Travel Information and Authorisation System (ETIAS) […]

Кина го блокира доаѓањето на тим на СЗО во Вухан за да се истражи потеклото на корона вирусот

6 јануари 2021

Кинеските власти го блокираа доаѓањето на тим на Светската здравствена организација (СЗО), која што требаше да го истражува потеклото на корона вирусот и да се откријат повеќе детали околу почетоците на глобалната пандемија против ковид-19 во кинескиот град Вухан, пренесува „Гардијан“. Визите на претставниците на тимот на СЗО што треба да работи во кинескиот град […]

Македонија и Украина ќе ги укинат визите за краткорочен престој

11 април 2018

Меморандум за заемна соработка меѓу дипломатските академии во министерствата за надворешни работи на Македонија и на Украина и заедничка декларација, денеска потпишаа министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Павло Климкин кој е во дводневна официјална посета на Македонија. Димитров по средбата информираше дека со неговиот колега се договориле и за возвратна […]

Амбасадата на САД ќе издава визи и покрај финансиската блокада на американската влада

20 јануари 2018

Амбасадата на САД во Скопје соопшти дека нејзиниот сервис за пасоши и визи, како и за итни случаи за американските граѓани, ќе продолжи да работи и покрај затворањето на американската влада. „Закажаните сервиси за пасоши и визи и сервисите за итни случаи за граѓаните на САД ќе продолжат во амбасадата за време на затворањето на […]

САД го обновија издавањето визи за државјаните на Турција

28 декември 2017

Амбасадата на САД во Анкара денеска соопшти дека нејзините конзулати во Турција го обновиле издавањето на визи на турски државјани, со што е ставен крај на повеќемесечната дипломатска криза меѓу двете земји, јавуваат светските агенции. Одлуката за обновување на нормалниот режим за издавање на визи следи откако САД добија „уверување на високо ниво“ од Анкара […]

САД и Турција го обновија издавањето визи

6 ноември 2017

Американската амбасада во Анкара соопшти дека нејзините конзулати во Турција го обновиле издавањето визи на турски државјани на „ограничена основа“. Со тоа е завршен прекинот на издавање визи од речиси еден месец поради дипломатската криза помеѓу двете земји. Набргу потоа и турската амбасада во Вашингтон преку „Твитер“ објави дека го обновува издавањето на визите на […]

Ердоган нема да го прими американскиот амбасадор

10 октомври 2017

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема да го прими американскиот амбасадор во заминување во Анкара на проштална средба и ги обвини САД дека направиле проблем поврзан со обостраното суспендирање на издавањето визи. – Турција има долга традиција и сигурно нема да дозволиме нешто такво да се случи. Амбасадорот ја завршува својата мисија и […]

Турција повика американски дипломат на итен разговор

9 октомври 2017

Турското министерство за надворешни работи го повика на разговор потсекретарот на амбасадата на САД и побара ставање крај на спорот меѓу двете земји. Амбасадата на Турција во Вашингтон соопшти дека ќе престанат да издаваат неимигрантски визи на Американци, откако мисијата на САД во Турција престана да издава неимигрантски визи во своите американски дипломатски претставништва во […]

САД го суспендира издавањето визи во Русија

21 август 2017

САД од 23 август ќе го суспендираат издавањето неемигрантски визи во своите конзулати во Русија, соопшти денеска американската амбасада во Москва, додавајќи дека рестрикциите за издавање неемигрантски американски визи се последица на повлекувањето на американските дипломати. Процедурата за издавање визи ќе продолжи од почетокот на септември, но само во Москва, јавува денеска агенцијата „Тасс“. „Почнувајќи […]

Иран со контрамерки, нема да издава визи на Американци

7 март 2017

Официјален Техеран нема да издава визи на државјани на САД сè додека Вашингтон одбива да издава визи на Иранци, соопшти денеска ирачкиот заменик-министер за надворешни работи, Маџид Тахт-Раванчи, и додаде дека новиот указ на претседателот Доналд Трамп е ништожен од судска гледна точка. Шефот на иранската дипломатија истакна дека забраната за визи за Американци ќе […]

Американска амбасада во Софија: Бугарија сè уште не е подготвена за безвизен режим со САД

10 февруари 2017

Бугарија сè уште не ги исполнува условите за безвизен режим со Соединетите Американски Држави. Бројот на одбиени барања за визи минатата година бил 15 отсто од вкупниот број на барања, а условот за добивање безвизен режим е одбиените барања да бидат под три отсто. Ова денеска го објасни генералната конзулка на САД во Бугарија, Кејт […]

Русија се обидува да нè држи за врат, тврди Лукашенко

3 февруари 2017

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска остро ја критикуваше Русија на прес-конференција во Минск, обвинувајќи го Кремљ за кршење на спогодбата меѓу блиско поврзаните соседи и со користење на фактот дека ги снабдува со енергија „за да ги држи за врат“. Говорејќи пред околу педесетина белоруски и странски новинари во Минск, Лукашенко рече дека Русија ги […]

Амбасадата на САД во Тирана им укина визи на судии и на обвинители поради корупција

27 јануари 2017

Амбасадата на САД во Тирана издаде соопштение во кое се вели дека ќе бидат повлечени неимигрантските визи за неколку албански судии и обвинители. Во соопштението се вели дека тие ја донеле оваа одлука откако утврдиле дека службениците не се квалификувани за визи. „Амбасадата на САД ја презеде оваа акција пред претстојниот процес на проверка низ […]

Олбрајт: Од солидарност ќе се декларирам муслиманка

26 јануари 2017

Поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, на „Твитер“ напиша дека е подготвена да се декларира како муслиманка, изразувајќи солидарност кон припадниците на оваа религија во САД. Олбрајт пораснала како христијанка, а подоцна дошла до сознание дека потекнува од еврејско семејство. „Пораснав како католик, станав следбеничка на Епископалната црква, а подоцна дознав дека татко ми е […]

ЕК: Турција не прави доволно за да добие визна либерализација

8 декември 2016

Европската комисија (ЕК) денеска соопшти дека Турција не напредувала многу во исполнувањето на условите за укинување на визите за нејзините граѓаните кои патуваат во Европската Унија, јавуваат светските агенции. Укинувањето на визите за патување во ЕУ, од друга страна, беше еден од клучните услови што ги постави Турција во постигнувањето на договорот со Унијата за […]

Плевнелиев и Борисов побараа од Трамп да ги укине визите за Бугарите

10 ноември 2016

Во своите честитки до новоизбраниот претседател на САД, и бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и премиерот Бојко Борисов побараа од Доналд Трамп за време на својот мандат да ги укине визите за граѓаните на Бугарија. Премиерот Борисов официјално му ја честиташе победата на Трамп и му посака нему и на американскиот народ здравје и благосостојба, соопштија […]

Бугарија бара укинување на визите од Канада за да го поддржи трговскиот договор со ЕУ

20 октомври 2016

Бугарија нема да го поддржи трговскиот договор меѓу Европската Унија и Канада (ЦЕТА) без да има гаранции од канадската влада дека ќе ги укине визите за бугарските државјани. Одлуката била донесена на седница на бугарската влада. Со тоа бугарската влада ќе ги брани своите интереси на Самитот во Брисел, кој се одржува денеска и утре. Ова […]

Европратениците бараат воведување визи за државјаните на САД и на Канада

13 октомври 2016

Членови на Одборот за граѓански слободи на Европскиот парламент ја повикаа Европската комисија да ги почитува правилата и да донесува привремени мерки за суспензија на безвизниот режим за граѓани во САД и во Канада, кои не го почитуваат начелото на визен реципроцитет. Одредени светски агенции пренесуваат дека некои од европратениците изјавиле дека Европарламентот би можел […]

Не запираат бегалските бранови од Турција кон Грција

29 август 2016

Продолжува да се зголемува загриженоста во Грција за континуираните нови бранови бегалци што пристигнуваат на грчките острови. Во државата има речиси 60.000 бегалци распоредени низ бегалски центри, приватни станови и во изнајмени хотелски соби. На грчките острови од Турција секојдневно пристигнуваат нови бегалци, во просек од 50 до 100 бегалци дневно, иако не се ретки и деновите […]

Украина размислува да воведе визи за Русите

12 август 2016

Официјален Киев е подготвен да го разгледа прашањето за воведување визен режим со Русија, соопшти украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин. Шефот на украинската дипломатија смета дека е потребно подобро да се контролира влегувањето на лица од територијата на Русија за „поефикасно да се филтрираат агентите на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и […]

Страна 1 од 2