fbpx

НАТО ќе распореди уште 4.000 војници на границата со Русија

-

Западните сојузници се подготвуваат да распоредат четири баталјони, со околу 4.000 војници, во Полска и во балтичките земји во рамките на мерките на НАТО за зајакнување на границата со Русија. Распоредувањето е поради интензивираната воена активност на Русија, изјавија вчера официјални претставници за „Волстит џурнл“.

Најверојатно, два баталјона ќе бидат од САД, а по еден од Германија и од Велика Британија.
Американскиот заменик-секретар за одбрана, Роберт Ворк, за време на неговата посета на Брисел, изјави дека распоредувањето на војници на границата е одговор на руската активноста околу балтичките држави – Литванија, Летонија и Естонија, каде се зголемуваат тензиите.

– Русите изведуваат голем број воени вежби на границите со многу војска. Од наша гледна точка можам да кажам дека тоа е исклучително провокативно однесување – посочи Ворк.

Русија тврди дека воените вежби и распоредувањето на војска на границата е одговор на распоредувањето на сили на НАТО и на агресивните акции кон Москва.

Полска и балтичките држави инсистираат на што поголемо присуство на НАТО на нивна територија. Но, распоредувањето на силите не треба да е во спротивност на договорот од 1997 година меѓу Русија и НАТО, со кој се забранува распоредување на големи трупи на руската граница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...