недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Алијанса | 13 резултати

Бартол – Заев: Македонија е на добар пат кон евроатлантската интеграција

30 јуни 2017

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија. Бартол му пренел на Заев дека правецот во кој се движи Македонија е добар и отвора перспективи за граѓаните и за евроатлантските аспирации на земјата. – Поттикнавте позитивна енергија што се чувствува во земјата, а ја […]

Претседателот Иванов ќе одржи предавање на Глобалниот лидерски форум во Турција

6 мај 2017

Претседателот Ѓорге Иванов ќе одржи предавање на Глобалниот лидерски форум, кој се одржува во Турција, соопштија од неговиот кабинет. Темата на форумот е „Стратешки алијанси и нов поглед на лидерството во услови на глобален баланс на силите“. Меѓу темите на дискусија на Глобалниот лидерскиот форум се „Претседателството на Трамп: Промени во американската политика и нејзиното влијание […]

Потребни се инвестиции за рамномерен развој на регионите

26 февруари 2017

Неопходно е најмалку еден отсто од домашниот бруто-производ (БДП) да се инвестира во помалку развиените региони, за да се избалансира развојот во осумте плански региони во Македонија. Ова е еден од заклучоците на учесниците на работилницата на која беа презентирани активностите од проектот „Алијанса за регионален развој“. Законска регулатива за тоа не недостига, но во практиката […]

НАТО и ЕУ ќе ја прошируваат соработката во сферата на безбедноста

8 јули 2016

На првиот ден на НАТО-самитот во Варшава, членките на Алијансата усвоија одлука за зголемување на военото присуство во четири држави на Источна Европа. Се воведува дополнителен мултинационален баталјон во Романија, а членките одлучиле и заеднички да ја координираат одбраната од балистички ракети. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека дополнителните трупи на НАТО следната година ќе […]

НАТО ќе добие помошник генерален секретар за разузнавање

4 јуни 2016

НАТО најверојатно наскоро ќе воведе функција помошник за разузнавање на генералниот секретар, чија задача ќе биде да обезбеди подобра размена на разузнавачки податоци меѓу земјите членки, соопшти неименуван претставник на Алијансата. Според истиот извор, ваквите планови биле разгледувани изминативе шест до осум месеци и веќе биле одобрени од земјите членки на НАТО. Идејата за воведување на […]

НАТО ќе распореди уште 4.000 војници на границата со Русија

30 април 2016

Западните сојузници се подготвуваат да распоредат четири баталјони, со околу 4.000 војници, во Полска и во балтичките земји во рамките на мерките на НАТО за зајакнување на границата со Русија. Распоредувањето е поради интензивираната воена активност на Русија, изјавија вчера официјални претставници за „Волстит џурнл“. Најверојатно, два баталјона ќе бидат од САД, а по еден од […]

Колку добивaме ние, толку добива и НАТО од нашето членство во Алијансата, смета Попоски

25 февруари 2016

Колку добива Македонија, толку добива и НАТО од членството на нашата земја во Алијансата. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, ова е главниот заклучок од дискусијата на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во рамки на Конференцијата за безбедност што се одржа денеска во Будимпешта. Како што пишува во соопштението на Министерството, Попоски констатирал […]

НАТО ја одржа најголемата воена вежба во Европа

6 ноември 2015

Денеска завршува најголемата воена вежба на НАТО во последните 13 години, која се одржа во Италија, Португалија, Шпанија, на Средоземно Море и на Атлантскиот Океан, но и во Канада, Норвешка, Белгија и во Холандија. Во вежбата учествувале 140 авиони, 90 бродови и подморници, 36.000 војници, морнари, пилоти од повеќе од 30 земји, меѓу кои и […]

Јолевски: Граѓаните и политичките партии даваат континуирана поддршка за влез во НАТО

12 јуни 2015

Граѓаните на Македонија даваат континуирана висока поддршка на процесот за интеграција кон Алијансата, процес кој е поддржан и од политичките партии во Македонија, рече министерот Зоран Јолевски на Глобалниот форум „Вроцлав 15“ во Полска, односно на панел-дискусијата „Патот кон Европа“. – Македонија и земјите од регионот на следниот самит, кој ќе се одржи тука во […]

Страна 1 од 1