fbpx

Европа преплавена од кинески електрични автомобили, бројките и во иднина ќе растат

Годинава се проценува дека ќе бидат увезени 600.000 возила, а во 2025 година бројката би пораснала и до 1,1 милион, вели експертот од институтот за автомобили во Кемниц, професорот Вернер Оле

-

Во Европа ќе порасне увозот на автомобили од Кина, кои се „апсолутно конкурентни не само по цена, туку и по технологија“, проценуваат стручњаците од Техничкиот универзитет во Кемниц, пишува германската новинска агенција ДПА. 

Годинава се проценува дека ќе бидат увезени 600.000 возила, а во 2025 година бројката би пораснала и до 1,1 милион, вели експертот од институтот за автомобили во Кемниц, професорот Вернер Оле.

На тој начин, уделот во новорегистрираните автомобили ќе порасне од 5 на 7,5 отсто.

Конкуренцијата од Кина, според зборовите на Оле, кај европските производители расте особено кога станува збор за електричните автомобили.

„Бидејќи е-возилата од Кина се воглавно на батерии, во тој сегмент пазарниот удел е значително поголем“, изјави Оле.

Тука, според неговата оценка, може да се очекува и пораст од речиси 20 отсто кај новорегистрираните автомобили во Европа, а до 2025 година и на повеќе од 25 отсто.

Со цена пониска за неколку илјади евра, кинеските производители не се само ценовно, туку и технолошки „апсолутно конкурентни“, изјави Оле, додавајќи дека ова првенствено се однесува на технологијата на батериите.

Во меѓународниот натпревар, Кина со електричните автомобили не профитира само од огромната предност поради тоа што има суровини и батерии, туку и поради нивната цена.

И големината на домашниот пазар им овозможува на кинеските производители масовно производство, кое значи и одредени предности во однос на цената.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...