fbpx

Можат ли граѓанското општество и приватните организации да се борат против руската пропаганда во Африка?

„Граѓанското општество стана речиси безбедносен играч, бидејќи се спротивставува на дезинформациите што понекогаш доаѓаат од мејнстрим-канали“, вели Дин Мелвин, директор на Студиите по меѓународната безбедност од Кралскиот институт за заедничка безбедност од Лондон

-

Додека Русија бележи значителен напредок на нејзините дезинформациски кампањи во Африка, експертите велат дека организациите на граѓанското општество и приватни ентитети може да го имаат клучот за спротивставување на таквата пропаганда, пишува сервисот на „Гласот на Америка“ за Африка.

Аналитичарите велат дека од почетокот на инвазијата на Украина, Кремљ користи дезинформациски напливи преку социјалните медиуми за да се „умилкува“ на другите држави во време кога се соочува со глобална изолација.

Ден Витман, аналитичар во Институтот за истражување на надворешната политика (Foreign Policy Research Institute) од Филаделфија за „Гласот на Америка“ (ВОА) вели дека официјална Москва неодамна постигна „огромни успеси на своите дезинформациски кампањи на Африканскиот континент“, искористувајќи ја политичката нестабилност во регионите како Сахел (териториите меѓу Сахара на север и саваната во Судан на југот) или Централна Африка, и во различни држави, како Мозамбик.

„Би рекол, во две или три години, Русија ги направи најрапидните пропагандни успеси во историјата на пропагандата“, вели Витман, додавајќи дека „нестабилноста е Едемска градина за дезинформациите“.

Според него, нејасни се вистинските намери на Москва во Африка, бидејќи помалку од еден отсто од трговската размена на Африка доаѓа од Русија, односно земјата во поглед на материјално богатство, инфраструктура или што било друго, нема што да ѝ понуди на Африка.

Според Центарот за стратегиски и интернационални студии (Center for Strategic and International Studies) од Вашингтон, трговијата меѓу Русија и Африка речиси се удвоила, на 17,7 милијарди американските долари во 2021 година, но затоа трговската размена со другите региони на светот е значително поголема – 295 милијарди долари со ЕУ, 254 милијарди долари со Кина и 65 милијарди долари со САД.

Витман изразува стравување за можно руско вмешување во претседателските избори во САД во 2024 година, како што се случуваше на претходни избори, нагласувајќи дека е потребен механизам што ќе го држи Кремљ во состојба на одговорност за неговите дезинформациски активности. Витман сугерира зајакнување на граѓанското општество и на приватни организации, со поддршка од владите на САД и на земјите од Западна Европа, за да се спротивстават на руските дезинформации.

Нил Мелвин, директор на Студиите по меѓународната безбедност од Кралскиот институт за заедничка безбедност од Лондон (Royal United Security Institute), вели оти дека опишувањето на руските напори како „најголемата пропагандна победа досега“ е претерување. Иако, додава тој, Русија има соодветен настап во регионите со нестабилност и се обидува да создаде партнерства во воени групации што сакаат да се доберат до власт.

„Тоа го видовме во Судан, го видовме неодамна во делови на Сахел и Западна Африка. Историски гледано, тие (Русија) го направија тоа и во Етиопија. Мислам дека тоа сосема сигурно е дел од еден модел што е нарушувачки, бидејќи, сосема разбирливо, ја забрзува нестабилноста“, вели Мелвин.

Тој посочува дека дезинформациите не се само дел од напорите на Русија, туку и Кина и Иран исто така се активнни со дезинформациски кампањи поддржани од властите, а со таквите кампањи многу земји со тешкотии се борат.

„Граѓанското општество стана речиси безбедносен играч, бидејќи се спротивставува на дезинформациите што понекогаш доаѓаат од мејнстрим-канали. Можеби сега е моментот Африканската Унија или некои од регионалните организации да се обидат да воспостават свои независни организации за набљудување на медиумите за да може да се постигна населението да ги поттисне руските дезинформации“, вели Мелвин.

Според Африканскиот центар за стратегиски студии (Africa Center for Strategic Studies), во 2022 година, дури 60 отсто од над 50 документирани дезинформациски кампањи во Африка биле координирани однадвор. Сепак, од Центарот велат дека бројките за надворешно организирани дезинформациски кампањи во Африка можеби не се целосно точни, поради растечкиот тренд на користење локални инфлуенсери за распространување соддржини, со што се отежнува следењето и доаѓањето до корените на кампањите.

Сајлас Џонатан, водечкиот „слободен“ истражувач на нигерискиот Центар за новинарство, иновации и развој (Center for Journalism, Innovation, and Development), којшто ја води платформата за проверка на факти „Дубава“ (Dubawa) вели дека иако нема официјално утврдени бројки на платформи за провера на факти во Африка, некои од коалициите за проверка на факти забележале засилени напори од Русија и Кина „да се влијае на африканскиот дискурс“.

„Во последните пет месеци, она што го гледав е калкулирано ширење дезинформации што ја глорифицираат Русија и Вагнер Груп, како тие да се единствениот излез од проблемите на Африка“, вели Џонатан за ГНА.

Тој открива оти забележал дека корисници на социјалните медиуми пласираат дезинформации и полуинформации за да се спротивставуваат на африканската демократија, потенцирајќи ја реториката дека Африка треба да се поврзе со Русија.

Затоа, вели Џонатан, организациите и коалициите треба да работат на кревање на свеста за руските дезинформациски напори на социјалните медиуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Завршија натпреварите „Робомак“ и „Робомак Јуниор“ 2024

Со финалниот натпревар во пет различни категории на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), вчера заврши 12-тото по ред издание на натпреварот „Робомак“ (RoboMac). На овој натпревар учествуваа 22...