fbpx

ЕУ размислува да го замрзне имотот и да им забрани патување на македонски политичари

-

Европската Унија би можела да воведе санкции, како што е забрана за патување и замрзнување на имотот на одделни македонски политичари што го опструираат решавањето на политичката криза, соопшти за „Ројтерс“ анонимен европски претставник.

Според истиот извор, претседателот Ѓорге Иванов мора да ја поништи одлуката за аболиција на 56 политичари вмешани во аферата со прислушување, за да продолжат разговорите со ЕУ.

– Загрижени сме поради кратковидоста на сегашната влада. Македонија тргнува кон меѓународна изолација – предупреди европскиот дипломат.

Истовремено, „Дојче веле“, цитирајќи друг политичар од ЕУ, кој побарал да остане анонимен, јавува дека следен чекор на ЕУ е одземањето на кандидатскиот статус.

„Точно е. Се размислува за сериозни санкции. Прв чекор ќе биде одземањето на препораката за почеток на преговорите“, вели изворот.

Со слични тези, минатата недела излезе и американскиот весник „Волстрит џурнал“, кој повикувајќи се на извори од Брисел, наведе дека е можна забрана за патување во шенген-зоната за македонски политичари, повлекување на помошта за мигрантската криза и запирање на поддршката за евроатланската интеграција на државата.

Весникот наведе дека според европските политичари, амнестијата на претседателот Иванов била со намера да ја заштити контролата на власта од ВМРО-ДПМНЕ и кругот околу Груевски.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници, Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едуард Кукан, денеска се заканија дека ќе бидат принудени да размислуваат за понатамошни чекори за исполнување на барањата што беа поставени од Европскиот совет, Европската Комисија и од Европскиот парламент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...