fbpx

Груевски: СЈО сака да го уништи мојот углед, a нема ниту еден доказ против мене

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, смета дека Специјалното јавно обвинителство не приложило ниту еден доказ на денешната прес-конференциј и дека таа била со чисто партиска реторика. Според Груевски, на обвинителите единствено им било важно да го постигнат политичкиот и партискиот ефект.

„СЈО веќе стана институција под целосна контрола на СДСМ и нивен главен инструмент за полички прогон на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, а се за уривање на мојот углед и на угледот на водството на партијата заради доаѓање на власт на СДСМ. Доволно е само да се види реториката на прес-конференциите и малку човек да се запраша и замисли околу доказите, и сè е јасно. На денешната прес-конференција неколкупати беше спомнато моето име, како наводен нарачател и, очигледно, најважно им беше да спомнат дека сум бил аболиран. Непрофсионализмот на СЈО не е само во политичко-партиската наколнетост и ставањето во функција само на една партија, туку и во неприложувањето на барем еден минимален правен доказ против мене, па макар и измислен. Тоа е затоа што имаат предмет во кој нема ниту некаков пропуст, ниту дело, ниту што било незаконско. Ако за некои од другите споменати, извадија СМС-пораки со одамна починат човек, од која порака единствено се гледа дека како одговорни луѓе и функционери, во ситуација кога уривањето на „Космос“ беше главна медиумска вест, покажале интерес околу случувањата, за да знаат што да одговорат на многубројните повици од медиумите, за мене не успеале ни такво нешто да пронајдат“, пишува Груевски во својата реакција.

Според претседателот на владејачката партија, случајот „Космос“ е само потврда дека секој што прави криминал и има незаконска постапка во оваа држава подлежел на законот.

„Тоа што некој бил пратеник и богат, не смее да значи дека може да прави што сака, во смисла да го крши законот, а ако некој не е пратеник или е сиромав треба да трпи последици за сторениот прекршок. Пред законот сите се исти и секој треба да ги почитува законите“, пишува Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...