недела, 14 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Космос | 21 резултати

Адвокатот на Груевски тврди дека ќе имало кривично дело ако не се срушел „Космос“

16 март 2018

Ниту Никола Груевски, ниту Миле Јанакиески како ни Елисавета Најдовска и Насер Ралев кои ги застапувам не го извршиле кривичното дело кое им се става на товар. Ова на денешното рочиште за случајот „ТНТ“ го кажа адвокатот Димитар Дангов. – Груевски ниту самостојно, ниту во договор со Јанакиески не го поттикнале Тони Трајковски незаконски да […]

Груевски од судот бара да не го малтретираат со секојдневни судења

9 февруари 2018

„Понеделник, вторник, среда… секој ден сум на судење. На Зоран Заев судот му закажува на два месеци, мене секој ден. Ова веќе не е судење. Ова е фарса. Ова е малтретирање – се побуни обвинетиот експремиер Никола Груевски кај судијата Огнен Ставрев во Основниот суд Скопје 1, кој го премести денешното рочиште за предметот на […]

Цаноски бара отштета од 55 милиони евра за урнатиот „Космос“

24 јануари 2018

Бизнисменот Фијат Цаноски по завршувањето на првото рочиште од судењето за случајот „ТНТ“ денеска изјави дека очекува судот да донесе праведна одлука и обвинетите кои „и нанеле голема штета на Македонија” да бидат осудени. Во процесот за уривањето на комплексот „Космос“ на Цаноски, покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), главни обвинети се поранешниот премиер и […]

Почна судењето за „Космос“, Груевски и Јанакиески велат дека не се виновни

24 јануари 2018

Во Основниот суд Скопје 1 претпладнево почна судењето за случајот ТНТ покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кое главни обвинети се поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски. Покрај нив, обвинети се уште четири лица […]

Јанакиески го прашува СЈО зошто ги повредило неговите права на приватност

4 ноември 2017

По одлуката на Апелацискиот суд Скопје, со која ги прифати жалбите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) против решението на Кривичен суд, со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик“, со писмо до јавноста, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е обвинет во дава случаи, обвини дека […]

Апелација дозволи „бомбите“ за „ТНТ“ и за „Топлик“ да се користат како доказ

4 ноември 2017

Апелацискиот суд Скопје ги прифати жалбите на Специјалното јавно обвинителство против решението на Кривичен суд, со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик“. Првообвинет во „Топлик“ за случајот „Сончев град“ е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, а предметот „ТНТ“ се однесува на уривањето на станбениот комплекс […]

Трајковски: Јанева за „Космос“ презентираше обвинувања и манипулации без докази

12 јуни 2016

Катица Јанева срамно и непрофесионално игнорираше десетици решенија, вештачења и судски пресуди во корист на Општина Гази Баба, кои јасно докажуваа дека објектот „Космос“ на Фијат Цаноски е дивоградба, рече градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, на денешната прес-конференција. Според Трајковски, специјалната јавна обвинителка Јанева пред месец и половина во јавноста презентирала обвинувања и манипулации, без никаков […]

Осомничените од „ТНТ“ денеска на распит

23 мај 2016

Осомничените во предметот „ТНТ“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство, денеска треба да бидат сослушани пред судија на претходна постапка во врска со мерките за обезбедување на присуство. Нивниот распит минатата недела беше одложен на барање на одбраната која побара дополнително време за увид во доказите. За сите четворица осомничени СЈО побара да се применат […]

СЈО бара да ѝ се одземе пасошот на градежната инспекторка од Гази Баба

11 мај 2016

Специјалното јавно обвинителство бара да ѝ биде одземен пасошот на градежната инспекторка од Општина Гази Баба, Елисавета Најдовска, која е првоосомничена во случајот „ТНТ“, објави „24 Вести“. Од СЈО велат дека освен одземањето на патната исправа, побарале да ѝ биде наметната и обврска постојано да се јавува во Кривичниот суд. Истите мерки тимот на Катица Јанева […]

Груевски: СЈО сака да го уништи мојот углед, a нема ниту еден доказ против мене

21 април 2016

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, смета дека Специјалното јавно обвинителство не приложило ниту еден доказ на денешната прес-конференциј и дека таа била со чисто партиска реторика. Според Груевски, на обвинителите единствено им било важно да го постигнат политичкиот и партискиот ефект. „СЈО веќе стана институција под целосна контрола на СДСМ и нивен главен инструмент за […]

Милионски тендери од Владата за „Трансмет“, фирмата што требаше да го урива „Космос“

21 април 2016

На денешната прес-конференција, Специјалното јавно обвинителство обелодени дека го отвора случајот „ТНТ“. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека иако уривањето на комплексот „Космос“ требало да го изврши фирмата „Трансмет“, која имала склучено договор со Општина Гази Баба, по налог на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, преку незаконски спроведена постапка за јавна набавка, била избрана фирмата „3М […]

СЈО: Груевски и Јанакиески го нарачале уривањето на „Космос“

21 април 2016

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска отвори нов случај, наречен „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на објектот „Космос“ во сопственост на Фијат Цаноски. Како што изјави обвинителката Фатиме Фетаи, уривањето без сомневање било направено по налог на поранешениот премиер и на поранешниот министер за транспорт и врски, заедно со актуелен градоначалник на Општина Гази Баба и со […]

Али Ахмети се појави како сведок во Специјалното јавно обвинителство

3 март 2016

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во придружба на шефот на кабинетот, Артан Груби, денеска, точно во 14 часот, дојде на разговор како сведок во Специјалното јавно обвинителство. Пред да влезе, лидерот на ДУИ не даде изјава за медиумите. Од СЈО известија дека Ахмети е повикан на разговор во својство на сведок, […]

Сочниот и саркастичен Груевски: Значи, не да е посран, му тече и низ панталони

23 март 2015

Вo дел од снимките што ги обелодени денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, можеше да се чујат, како што рече Заев, премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како се договараат да го средат проблемот со „Космос“ на Фијат Цаноски. Во разговорите има сочни детали и може да се чуе саркастично […]

Јанакиески: „Космос“ беше срушен законски

28 февруари 2015

Снимките кои вчера ги презентраше Зоран Заев претставуваат монтиран процес на странски служби, кои Заев ги користи за свои цели и по секоја цена сака да дојде на власт, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. – Заев со неговиот тим не само што сака на нелегитимен начин да дојде на власт, туку и […]

СДСМ: Миле Јанакиески да му се извини на Фијат Цаноски за „Космос“

28 февруари 2015

Најмалку што може да направи Миле Јанакиески по обелоденетиот скандал „Космос“, во кој тој е извршител на Груевски, е да им се извини на Фијат Цаноски и на граѓаните на Македонија и да замине од политичката сцена, велат од СДСМ. „Со тоа нема да ја смени вистината за „модерните волови“ и динамити со коишто учествувал […]

Кој е Фијат Цаноски: бизнисмен, пратеник и непријател на власта

27 февруари 2015

Главна тема на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, беше уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски. Тој беше и пратеник како претседател на партијата ПЕИ, која коалицираше со СДСМ во предизборната коалиција „Сојуз за иднината“. Цаноски е еден од основачите на првиот приватен факултет – Факултетот за општествени науки (ФОН) со насоки европско […]

Страна 1 од 1