fbpx

Екстрадираниот Даневски бил уапсен при рутинска сообраќајна контрола

-

Поранешниот директор на Ветеринарната управа Зоран Даневски, од пред неколку дена е во штипскиот затвор, по негова екстрадиција од Бугарија каде се криеше од македонските власти кои го бараа со меѓународна потерница поради злоупотреби во агрокомбинатот „Џумајлија“, каде беше извршен директор.

Во штипскиот затвор веќе една година се наоѓа неговиот постар брат, Слободан Даневски поранешен пратеник и градоначалник на Свети Николе, каде ја издржува четиригодишната затворска казна.

Зоран Даневски бил откриен при рутинска контрола од сообраќајната полиција во Бугарија, додека се возел во автомобил со уште три други лица. Полицаецот што го легитимирал утврдил дека Даневски е лице барано со потерница, по што бил уапсен и веднаш испорачан на македонските власти.

Тој во Македонија се бара од ноември 2011 година кога пребега во Бугарија, откако беше осомничен за проневера на 5.400 тони жито од стоковите резерви вредни 1,5 милион евра. Даневски е осуден на две години затвор за повеќе злоупотреби на службената положба како извршен директор во пропаднатиот агрокомбинат „Џумајлија“.

За него има уште неколку неправосилни пресуди во штипскиот Основен суд. За истото дело во затвор веќе една година е неговиот брат Слободан Даневски, кој беше претседател на Управниот одбор на „Џумајлија“.

Шпекулациите кои кружат во Свети Николе велат дека Зоран Даневски е есктрадиран бидејќи снемал пари и не можел повеќе да ја плаќа слободата во Бугарија.

Во бугарското гратче Гоце Делчев, Даневски водел бизнис со пелети, кој бил сосема легален, додека во меѓувреме водел спор во судот во Благоевград во врска со потерницата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...