Експлозија во дуќанот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, партиите со реакции

-

Во семејната продавница на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски утрово околу 3:00 часот била фрлена експлозивна направа. Како што информираат од МВР, во 3:40 часот било пријавено дека на улицата „Ѓорче Петров“ излегувал чад од пекара, во сопственост на Б.М. (62), а претходно се слушнала детонација. Влезната врата била целосно извадена од лежиштето и причинета била материјална штета, но немало повредени лица. Од МВР информираат дека постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна направа.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски ја потврди веста, алудирајќи дека настанот е направен од политичките противници во пресрет на почетокот на кампањата за парламентарните избори што треба да се одржат на 15 јули. Владо Мисајловски е носител на изборната листа во изборната единица 2. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски директно го обвини СДСМ дека стои зад настанот.

„Овде не се работи за ’случаен‘ пожар каков му се случи на Владо Мисајловски пред неколку години, туку за јасна намера. Да не заобиколувам или да се трудам да бидам дипломатски коректен, одговорноста за ова е на власта на СДСМ. Таму треба да се бараат нарачателите и инспираторите на сето ова“, напиша Христијан Мицкоски на „Фејсбук“.

Од владејачката партија СДСМ го осудија настанот и ги повикаа надлежните институции до крај да го истражат овој настан и да го најдат сторителот. Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов изјави дека е лажна веста на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека СДСМ стои зад еден таков настан. Тој побара од МВР да го истражи случајот и да ја потврди лажната вест од Мицкоски.

„Најповикан во овој случај е Наќе Чулев, министер во МВР коишто имаме можност ние сите како граѓани да видиме како го злоупотребува МВР, секако можевме да видиме како си снима видео спот за сопствени и партиски цели, наместо да се грижи и занимава со обврската која ја има како министер во МВР“, изјави портпаролот на СДСМ Костадинов.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...