fbpx

101 нов случај на ковид-19 од 776 тестирања, починати пет лица во изминативе 24 часа

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19, и во: Скопје (57), Куманово (13), Дебар (1), Штип (3), Тетово (19), Струга (1), Велес (1), Битола (2), Охрид (1), Гостивар (1) и Ресен (2). До праќање на извештајот, не се стигнати податоци од лабораторијата на Систина. Доколку стигнат, бројот на новозаболени лица од Систина ќе бидат внесени во утрешниот извештај.

Во изминатото деноноќие починати се пет лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар. Во ГОБ „8 септември“ починаа пациентка од Скопје на 77-годишна возраст, примена на 2 јуни и пациент од Гостивар на 45 години, хоспитализиран на 14 јуни. Во Општата болница Струга почина пациент на 80 години, хоспитализиран на 15 јуни. Во Општата болница Куманово почина пациент на 51 година, примен на 14 јуни. На 19 јуни почината е пациентка од Куманово на возраст од 40 години, потврдена позитивна на 20 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти од: Скопје (11), Тетово (10), Велес (1).

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 133 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.106, бројката на оздравени пациенти е 1.926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.942. Најголем број на активни случаи – вкупно 1.699 се регистрирани во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...