fbpx

ДЗС: 451.900 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, од нив 30,3 отсто се деца до 17 години

-

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС), бројот на сиромашни граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата во земјава во 2020 година изнесувал 451.900.

Според Лаекенските индикатори за сиромаштија, стапката на сиромашни лица во 2020 година изнесувала 21,8 проценти, што е зголемување во однос на 2019 година кога тој процент изнесувал 21,6 проценти.

Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца е 20,7 проценти, стапката на сиромашни вработени лица е 7,9 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 7 проценти. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31,4 проценти.

Поразителен е податокот што најголема стапка на сиромаштија е токму кај децата до 17 години, каде во сиромаштија живеат 30,3 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...