fbpx

Вистиномер: Сатирична вест за Ковачевски и за платите на професорите претставена како да е вистинита

-

На принт скринот односно во објавата на Фејсбук што ја рецензираме, никаде не пишува дека станува збор за сатирична вест, како што впрочем јасно стои на веб-страницата каде што е објавена содржината. Преку претставувањето на оваа вест како вистинита, граѓаните се ставаат во заблуда и погрешно се информираат за актуелните општествени случувања, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук објавува неточна содржина каде наводно премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, изјавил дека професорите ќе имаат поголеми плати, но откако ќе бидеме дел од Европската Унија.

Ковачевски: “ПОГОЛЕМА ПЛАТА ЗА ПРОФЕСОРИТЕ КОГА ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ!“, стои во објавата на Фејсбук.

Станува збор за неточна содржина споделена на Фејсбук како принт-скрин со фотографија и наслов преземени од интернет порталот Кооперација.мк, кој редовно објавува сатирични содржини а истото е наведено над самиот наслов на текстовите.

Но, на принт скринот односно објавата на Фејсбук што ја рецензираме, никаде не пишува дека станува збор за сатира, а кај читателите, судејќи според коментарите на самиот пост, се создава погрешна претстава за ставот на Владата, а со тоа и на премиерот Ковачевски, околу зголемувањето на платите на просветните работници.

Со други зборови, претставувајќи ја оваа вест како вистинита, граѓаните се ставаат во заблуда и погрешно се информираат за актуелните општествени случувања.

Од Владата на С. Македонија за Вистиномер го демантираа Фејсбук постот што го рецензираме. Оттаму, накусо нè информираа дека премиерот Ковачевски никаде не дал изјава дека платите на професорите ќе се зголемат откако државата ќе стане членка на Европската унија.

Со оглед на сето погоре изнесено и демантот од Владата оценуваме дека се работи за содржина која е неточна и која според виралноста, успеала да изманипулирала голем дел од јавноста. Кога станува збор за сатирични содржини, тоа треба да биде јасно наведено, за читателите да не бидат доведени во заблуда дека одредена измислена сатирична вест е всушност вистинита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...