fbpx

Двајца уапсени заради издржување затворска казна

-

Тетовската полиција вчера привела две лица кои со судски наредби се барале за издржување затворска казна.

Како што информираат оттаму, во едниот случај, станува збор за К.М. (32) од Тетово, кој се барал за издржување казна затвор до 6 и пол години за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Полициските екипи, вчера по судски налог го уапсиле и Л.А. (32) од тетовското село Пршовце, кој требало да издржува едногодишна затворска казна поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распраскувачки материи.

Двајцата биле спроведени во затворот „Идризово“ во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...