fbpx

Димитриев – Хајндл: Евроинтеграциите се клучни за Владата

-

Клучно за Владата е остварувањето напредок на полето на евроинтеграциите и со силен интензитет се работи на реализација на препораките, истакнал премиерот Емил Димитриев на денешната средба со специјалниот пратеник на германскиот министер за надворешни работи, Јоханес Хајндл.

„Премиерот Димитриев истакна дека сега со прецизен акциски план се задолжени сите државни институции, преку јасно дефинирана рамка за спроведување на препораките и на реформите посочени од меѓународната заедница, да се стигне до надградување на стандардите во правосудството, јавната администрација, безбедносниот сектор, медиумите и во меѓуетничките односи. Претседателот на Владата посочи дека дел од реформите ќе бидат спроведувани веднаш од институциите, за дел ќе расправа Владата и ќе одлучува Собранието, а дел ќе бидат формулирани преку поширок политички дијалог“, стои во соопштението од Владата.

Во врска со актуелната политичка криза, Димитриев и Хајндл разговарале за начините и за можностите за нејзино надминување, при што „премиерот објасни дека во интерес на Владата е обезбедување на услови за општествен и економски развој на државата и на сите нејзини граѓани“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...