fbpx

Одземени пасошите на петмина осомничени во акцијата „Еразмус“

-

По неколкучасовен распит во Кривичниот суд, судија на претходна постапка на петмина од осомничените во акцијата на МВР на Економскиот факултет во Скопје им одредил мерки на претпазливост, односно да им бидат одземени пасошите и обврска да се јавуваат пред надлежен суд, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1.

Како што дознаваме, станува збор за тројца универзитетски професори, еден демонстратор и за сопстевникот на бифето на Економскиот факултет.

Неофицијално, меѓу осомничените на кои им се одредени мерките за претпазливост е и професорот и поранешен декан на Економскиот факултет во Скопје, Бобек Шуклев.

Другите тројца, од вкупно осумтемина осомничени во акцијата на МВР под кодно име „Еразмус“, дополнително ќе бидат повикани на сослушување пред судија на претходна постапка, велат од судот.

Осомничените, како што денеска на прес-конференција информираше министерот за внатрешни работи Митко Чавков, од студенти барале од 500 до 1.000 евра за да им напишат преодни оценки.

Шесттемина професори, демонстраторот и сопственикот на бифето на Економскиот факултет се осомничени за кривични дела примање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање поткуп.

Освен примање пари, во соопштението од Јавното обвинителство се наведува дека постои степен на основано сомневање дека дел од професорите барале и сексуални услуги заради полагање испит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...