fbpx

ДИК: Нема избори ако нема листи со кандидати за прaтеници

-

Ако до утре на полноќ, последниот рок за доставување листи на кандидати за пратеници до Државната изборна комисија (ДИК), не пристигне ниту една кандидатска листа, Комисијата има само една можност – да ја констатира таквата состојбата.

Како што велат за „Мета“ од ДИК, тоа е новонастаната состојба, која не е предвидена во Изборниот законик. Оттаму брифираат, дека доколку се реализира ова сценарио, ќе се констатира состојбата, со забелешка дека не може да се одржат избори без кандидати за пратеници, по што топката се префрла во рацете на Собранието на Република Македонија.

Дека е можно ова сценарио, вчера потврдија и извори од ВМРО-ДПМНЕ.

– Можеби и ние нема да учествуваме на изборите, ќе се откажеме, па ќе учествува некој трет, ќе освои 10.000 гласа и изборите ќе пропаднат. Или, ако странците инсистираат на некакво неповолно решение, можеби ќе излеземе од Владата, па СДСМ нека прави малцинска влада со кого сака – изјавија неофицијални извори од вадејачката партија.

Сепак, од ДИК велат дека вообичаено е партиите да ги достават кандидатските листи во последен миг или буквално пет минути пред полноќ.

Засега, ВМРО-ДПМНЕ сè уште официјално стои на ставот изборите да се одржат на 5 јуни, СДСМ нема да учествува доколку изборите се одржат, а ДУИ и ДПА официјално не се изјасниле, но ако се суди според последните постапки, тие нема да достават кандидатски листи за пратеници до ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...