fbpx

Нови инциденти на Идомени

-

Идомени денеска повторно се задуши во насилство и во солзавец. Во бегалскиот камп на македонско-грчката граница имаше нови инциденти откако изби тепачка меѓу група од 200 до 250 бегалци.

Сè почнало со расправија меѓу две групи бегалци од различни националности. Кавгата брзо ескалирала во насилна физичка пресметка. Двете групи почнале меѓусебно да се напаѓаат со камења и со други предмети.

За да се смири ситуацијата, интервенирала грчката полиција, која употребила солзавец за да стави крај на кавгата и да ја растури толпата.

Во инцидентите е повреден еден бегалец, на кој веднаш му била пружена медицинска помош од волонтерите на „Лекари без граници“. Процените во Грција се дека поради нетрпеливоста што владее кај бегалците поради безизлезната ситуација, не е потребно многу за да се развијат инциденти.

Во кампот, според официјалните бројки на грчката влада, има 9.682 бегалци. Оттаму денеска заминале два полни автобуси и комби кои ги пренесуваат бегалците од Идомени во организираните бегалски центри.

Според весникот „Етнос“, последните три дена има поголем бран бегалци што го напуштаат кампот во Идомени. Викендот заминале шест автобуси бегалци, а вчера уште три.

Грчката влада најави дека во следните неколку дена ќе бидат подготвени 4.500 нови места во бегалските центри на периферијата на Солун и изрази надеж дека до крајот на мај сите бегалци ќе бидат релоцирани во центрите, а импровизираниот камп во Идомени ќе биде затворен.

Во меѓувреме, и понатаму не функционира железничката линија Солун – Скопје. Ова е 53. ден како не поминуваат ниту патнички ниту товарни возови, поради што грчките транспортери, извозници и грчката железница се соочуваат со милиониски загуби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...