Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.948 тестирања, а регистрирани се 1.272 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 619, Битола – 75, Прилеп – 65, Куманово – 61, Тетово – 50, Кавадарци – 40, Велес – 39, Охрид – 34, Штип – 32, Струмица и Струга – по 23, Кочани – 22, Кичево и Берово – по 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Крива Паланка – 17, Гевгелија – 15, Валандово – 11, Ресен – 10, Радовиш – 9, Свети Николе, Пробиштип и Виница – по 8, Делчево – 5, Демир Капија, Кратово и Пехчево – по 4, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Крушево – 1.

Во изминатово деноноќие пријавени се вкупно 33 починати лица: 12 од Скопје (34г, 45г, 59г, 62г, 65г, 72г, 73г, 75г, 78г, 79г, 80г и 84г), по 2 пациенти од Прилеп (65г и 85г), Куманово (68г и 69г), Тетово (68г и 74г), Велес (68г и 78г), Охрид (49г и 83г), Кичево (73г и 80г) и Виница (59г и 84г), а по еден пациент е пријавен од Кавадарци (79г), Битола (41г), Струмица (49г), Неготино (61г), Крива Паланка (84г), Валандово (83г) и Крушево (85г). Сите пријавени смртни случаи се починати во болнички услови.

Регистрирани се 868 оздравени пациенти од: Скопје – 421, Охрид – 55, Куманово – 50, Прилеп – 46, Велес – 35, Кавадарци – 27, Неготино и Гевгелија – по 25, Штип и Струмица – по 20, Битола – 19, Гостивар – 17, Тетово и Струга – по 16, Кичево – 14, Кочани и Радовиш – по 12, Берово – 7, Кратово – 5, Крива Паланка и Крушево – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Валандово, Свети Николе, Виница, Делчево и Богданци – по 2, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 620.810 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 128.511, бројката на оздравени пациенти е 106.392, на починати е 3.749, а бројот на активни случаи изнесува 18.370.