Проверка на факти

Непрофесионалното известување ја јакне антиваксерската пропаганда

Низа медиуми од Северна Македонија недоволно професионално известуваа за конференцијата на противниците на вакцинирањето одржана во Скопје на 21 септември, пишува „КриТинк.мк“ во  анализата „Антиваксерите одново во офанзива – медиумите со селектирани информации“. Анализата посочува дека голем број медиуми го пренеле само соопштението од организаторите...

За Гоце Делчев тој самиот и историјата зборуваат подобро од бугарските историчари

Во гостување во утринската програма на бугарската телевизија бТВ на 24 септември годинава, професорот Кирил Топалов, член од бугарската страна на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, која се состои од експерти од Бугарија и Македонија, зборуваше за работата на Комисијата...

Добри сигнали од првата средба на премиерот на Северна Македонија со новиот грчки колега

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на Генералното собрание на ОН во Њујорк, за првпат се сретна со неговиот колега од Грција Кирјакос Мицотакис со кого разговараа за односите Северна Македонија- Грција. Главната тема на состанокот беше Договорот од Преспа, потпишан на 17...

Српски „Информер“ ја утна прогнозата за распитот на Боки 13

Најавувајќи го распитот на првоосомничениот во предметот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, кој на 23.09.2019  беше изведен пред обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, српскиот портал „Информер“ ја дезинформираше јавноста. Имено, уште рано утрото во 08,28 часот , некоклку часа пред...

Како „Курир“, „БХДИјаспора“ и Русинот Черниговски го излекуваа ракот со постење од вистината

Со само една статија објавена завчера на еден сајт од Северна Македонија, беа прекршени неколку правила на новинарската професија, но истовремено и се потврди дека во дигиталното доба е многу лесно да се прошират дезинформации, иако во исто време на располагање се сите алатки...

Спасов: Да се инвестира во развој на организациите кои вршат проверка на факти, како Фондацијата „Метаморфозис“

Потребно е да се инвестира во развој на организациите како Фондацијата „Метаморфозис“ кои во своите медиумски проекти ќе вршат проверка на факти и ќе ги соочуваат новинарските организации и новинарите со потребата од почитување на новинарските кодекси и новинарската етика и ќе ја подигаат...

Српски „Ало“ со насловот и илустрациите ја упропасти веста за распитот на Јанева и Боки 13

Српскиот портал „Ало“ објави текст со  проблематичен наслов: „ Сменета специјалната обвинителка Боки 13 со лисици! Аферата „Рекет“ доби неочекуван епилог! Македонија се тресе! (ВИДЕО)  - SMENJENA SPECIJALNA TUŽITELJKA Boki 13 u lisicama! Afera "Reket" dobila neočekivani epilog! Trese se Makedonija! (VIDEO) Фактички, содржинскиот дел на...

Контраспин: Со генерализации и спинови ВМРО-ДПМНЕ бербати сè што сработи СЈО

ВМРО-ДПМНЕ, која е најзасегната од работата на Специјалното обвинителство, со извртување на вистината дека СЈО му служело на Заев и само за рекетирање, а притоа наводно биле потрошени 12 милиони евра јавни пари, фрла кал врз сите предмети што ги отвори и ги тера(ше)...

Анализа: Регионот доцни во отворањето фронт против дезинформациите

Македонија е фактички првата земја во регионот во која власта отвора институционален фронт со дезинформациите. Медиумски експерти и новинари од Србија, Грција, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Косово, во серија интервјуа за „Мета.мк“ во текот на изминатиот период, велат дека кај властите во...

Интерпретирајќи го претседателот Радев, бугарски портал ја промаши изјавата

Во навистина куса вест за средбата вчера на бугарскиот претседател Румен Радев со бугарските членови на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија, бугарскиот портал „Аларма“ си дозволи прекажување, односно слободна интерпретација на изјавата на Радев. И притоа сосема...

„Македонска фабрика“ за лажни вести украде Фејсбук-страница од „Ветераните за Трамп“

Со ветување за приходи од по неколку десетици илјади долари месечно, Македонец што се претставил како Андреј Спасовски, успеал да го убеди главниот администратор на популарната Фејсбук-страница „Vets for Trump“ („Ветераните за Трамп“), која ја следеле околу 100.000 корисници, да му даде администраторски пристап,...

„Би-би-си“ со иницијатива за идентификување на изворите на дезинформации

Покрената е уште една иницијатива на големите меѓународни медиуми за битка против лажните вести преку заедничко воочување на изворите што ги користат овие загрозувачи на новинарската професија. Иницијатор е британскиот јавен сервис „Би-би-си“, заедно со агенцијата „Франс прес“, а им се придружува Европската унија...

Српски „Информер“ вежба пропагандна војна против регионот

Белградскиот таблоид „Информер“ објави напис со наслов „Црногорците, Македонците, Хрватите и Бугарите со Шиптарите вежбаат за војна против Србија! НАТО се врти против нас!“ („Crnogorci, Makedonci, Hrvati i Bugari sa Šiptarima vežbaju za rat protiv Srbije! NATO nam radi o glavi!“) во кој се...

„Вистиномер.мк“: Химната не е отстранета од образовните програми за основците

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски, деновиве во јавноста ја пласираше информацијата дека „Во новата наставна програма химната е отстранета и наместо неа, Власта смета дека поважно за ќерка ми е да ја научи и пее Dzelem, Dzelem и албанската Shtatori“, која „Вистиномер.мк“...

Аудио документарец на БиБиСи: „Докторка за лажни вести“

Светскиот сервис на БиБиСи објави аудио документарец на тема сајтови за лажни вести од Велес, Северна Македонија со наслов Doctor Fake News („Докторка за лажни вести“) во кој се потсетува дека прв медиум што објави официјални разговори со сопствениците на порталите за лажни вести...

Дезинформации поврзани со неодамнешните пожари во земјата и светот

Иако пожарите се трагични настани, сепак, креаторите на лажни вести не ја пропуштија можноста и од вакви несреќи да извлечат корист, пишува „КриТинк.мк“ во анализата „Топ-7 дезинформации за неодамнешните пожари во земјава и светот“. Ова лето се случија два огромни пожара во светот, гореше Сибир...

Истражување предупредува на влијанието на руските пропагандни кампањи врз готовноста на црноморските членки на НАТО 

Известувајќи за неодамнешно истражување за состојбите на Црноморската флота на Романија и Бугарија, бугарскиот весник „Дневник“ како особен проблем го посочува влијанието на кампањите за дезинформации со кои Кремљ ги дестабилизира тие општества.  Според научниот труд од областа на безбедноста „Селективното  морско слепило на НАТО – проценка на новите морнарици...

За прв пат во Македонија се планира воведување „ветинг“

Процесот на проверка на интегритетот, работата и професионалноста на вработените или т.н. “ветинг” ќе се спроведе за прв пат во Македонија. Овој процес ќе започне во Министерството за внатрешни работи, а работните групи започнаа со подготовките. Работната група за “ветинг” во МВР, во четвртокот ја одржа...

Брнабиќ беше пречекана СО ЗНАМЕ пред Владата, но и со лажна вест

Речисти во исто време додека двајцата премиери, Зоран Заев и Ана Брнабиќ зборуваа за лажните вести, на неколку медиуми се појави вест дека српската премиерка била пречекана без знаме пред Владата. Како што може да се види од официјалните фотографии тоа е намерно објавена дезинформација. Оттаму, насловот на...

„Србија данас“ во „Рекет“ ја инволвира и Могерини – знаела, а не реагирала

Интернет порталот „Србија данас“, во текст посветен на аферата „Рекет“ во Северна Македонија, прави манипулација во насловот на текстот со што во аферата ја вовлекува и Федерика Могерини, еврокомесар за проширување во заминување и други луѓе од Европската комисија. Под наслов „Могерини знаела за криминалот...

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...