fbpx

Истражување предупредува на влијанието на руските пропагандни кампањи врз готовноста на црноморските членки на НАТО 

-

Известувајќи за неодамнешно истражување за состојбите на Црноморската флота на Романија и Бугарија, бугарскиот весник „Дневник“ како особен проблем го посочува влијанието на кампањите за дезинформации со кои Кремљ ги дестабилизира тие општества. 

Според научниот труд од областа на безбедноста „Селективното  морско слепило на НАТО – проценка на новите морнарици на алијансата“ (NATO’s Selective Sea Blindness – Assessing the Alliance’s New Navies) од Томас-Дурел Јанг, објавено во списанието на Колеџот на воената флота на САД, низа проблеми влијаат врз способноста на Бугарија и Романија да се спротистават на руски политики во регионот на Црното Море, кои стануваат сè поагресивни по окупацијата на Крим. 

Воените флоти на новите членки на НАТО не се модернизираат според претходно договорениот редослед бидејќи владите не одвојуваат доволно средства, па дури и новите пловни објекти не поминуваат доволно време на море што негативно влијае на нивната борбена готовност. Во Бугарија, внатрешните политички несогласувања за иднината на вооружените сили ги имаат оставено армијата и флотата без јасна насока и напатствија како да се реформираат. Ситуацијата околу Црното Море дополнително ја комплицира непредвидливоста на Турција.  

„Дневник“ особено истакнува дека истражувањето на Јанг се потпира на предупредувањата искажани во претходни анализи од безбедносните експерти Бугајски и Доран за влијанието на пропагандата генерирана од Кремљ врз Романија и Бугарија. Според нив таа пропаганда ги искористува темите на лошото владеење во двете земји, раширената корупција и растечката класна нееднаквост. Основната теза е дека двете земји не добиле ништо посебно со воведување пазарно стопанство и членството  во ЕУ. 

Московските медиуми постојано тврдат дека членството во НАТО и ЕУ ги нема подобрено животните услови на Бугарите и Романците. Домашни фактори спонзорирани од Кремљ водат кампањи против секуларниот карактер на бугарската и романската држава, против либералните вредности, а со цел поттикнување на национализмот, само за да оддалечат што повеќе дезориентирани граѓани од европскиот проект – посочува „Дневник“. 

Русија непрестајно ја поттикнува недовербата меѓу овие две членки на НАТО, за да не можат да дејствуваат заедно на воен план. Русија користи притисок преку енергетскиот сектор и други области за да ја принуди Софија а не влегува во регионалните формати на сигурност, преку кои може да изгради ефективни способности за поморска одбрана. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...