fbpx

Шилегов: За демолирањето на „Зелениот покрив“ на ГТЦ ќе бараме притвор за сторителот

-

По објавените снимки од страна на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов од демолирањето на „Зелениот покрив“, тој изјави дека по завршувањето на процената на штетата, Градот Скопје ќе достави пријава до МВР и ќе се бара притвор за сторителот.

„Во текот на изминатата ноќ на покривот на Градскиот трговски центар, онаму каде што Градот Скопје инвестира за подигнување „Зелен покрив“ дојде до уништување на дел од опремата и на дел од инсталациите што Градот таму ги постави во соработка со УНДП. За наша среќа, безбедносните камери го снимија инцидентот, идентификуван е сторителот, Град Скопје и ГТЦ го пријавија случајот во МВР, извршен е увид и во тек е проценувањето на штетите. Оштетена е и инсталацијата, што претпоставува дека ќе стане збор за гонење за сторено кривично дело по службена должност“, изјави Шилегов.

Тој додаде дека доколку тоа се утврди, ќе побара од Јавното обвинителство да изрече мерка притвор за сторителот.

„Не можеме како Град да дозволиме да биде уништувано јавното добро, да биде уништувано она што го правиме со парите на граѓаните, а и нека биде конечно предизвик за Јавното обвинителство да почне да си ја работи работата онака како што треба. Моето мислење е дека досега не сме имале сериозен однос на оваа институција кон јавното добро. Нека заврши процената на вредноста на штетата, па во согласност со тоа ќе ја доставиме нашата пријава до МВР. Во координација сме со СВР Скопје и потоа ќе побараме од обвинителството да поднесе кривична пријава и да изрече мерка притвор бидејќи сторителот е познат и постои опасност да го повтори делото – додаде Шилегов.

Зазеленувањето на покривот на ГТЦ е дел од проектот со кој Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе го поддржи Градот Скопје во спроведувањето на Стратегијата за климатски промени – Отпорно Скопје. На зелениот покрив со површина од 1.800 квадратни метри ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафе-бар, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...