fbpx

За прв пат во Македонија се планира воведување „ветинг“

-

Процесот на проверка на интегритетот, работата и професионалноста на вработените или т.н. “ветинг ќе се спроведе за прв пат во Македонија. Овој процес ќе започне во Министерството за внатрешни работи, а работните групи започнаа со подготовките.

Работната група за “ветинг во МВР, во четвртокот ја одржа својата прва интерна средба, која беше затворена за јавноста. Според МВР, првата средба била од техничка природа, по што планираат да организираат разни настани со цел да ги известат граѓаните за текот на процесот.

“Ветингот, или контролата на вработените во институциите, мора да биде добро подготвен, да има соодветна правна основа врз која точно траба да се знае кој како ќе се вклучи и начинот како ќе се спроведе контролата , вели Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл за РЕЛ, која е член на работната група за “ветинг во полицијата.

Додека претставниците на МИА се во треска за тоа кој ќе излезе чист, а кој не, експертите ја разгледуваат идејата за “ветинг и во судството, па дури и во политиката.

Според нив, за спроведување на ветинг, прво треба да се направат анализи и прогнози, да се обезбеди програма за тоа како ќе се спроведе процесот, да се обезбедат средства, да се подготват институциите, а потоа да се започне со имплементација. Тие даваат 8 препораки за институциите што треба да го спроведат ветинг”.

Најчувствителната област е судството, бидејќи сè уште не е расчистено со влијанијата од страна на партиите. Оваа состојба со години е истакната во извештаите на меѓународните и домашните институции и организации.

 ”Ветингот е процес кој служи за разрешување на јавни службеници кои немаат интегритет во исполнувањето на нивните должности и со тоа да се врати довербата на јавноста во работата на државните институции. Како по правило, процесот на ветинг се врши со контрола на некое лице пред да му биде понудена работа. Во зависност од работното место или проектот, процесот на верификација може да се базира на контрола на вештини, личност, имот или било кој друг фактор поврзан со целта на “ветингот”.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...