fbpx

„Србија данас“ во „Рекет“ ја инволвира и Могерини – знаела, а не реагирала

-

Интернет порталот „Србија данас“, во текст посветен на аферата „Рекет“ во Северна Македонија, прави манипулација во насловот на текстот со што во аферата ја вовлекува и Федерика Могерини, еврокомесар за проширување во заминување и други луѓе од Европската комисија.

Под наслов „Могерини знаела за криминалот на Заев и на Боки 13! Човекот кој го потресе Скопје најавува политички земјотрес“ (Mogerini je znala za kriminal Zaeva I Boki 13! Covek koje je uzdrmao Skoplje najavljuje POLITICKI ZEMJOTRES), порталот објавува краток разговор со аналитичарот и професор по геополитика Ларис Гејсер, кој во италијанскиот весник „Ла верита“ објави серија текстови и аудио и видео материјали за аферата „Рекет“.

Ако се прочита внимателно делот од текстот од каде порталот го вади насловот, ќе се забележи дека тој воопшто не одговора на вистината, односно на кажаното во текстот.

На прашањето „дали верувате или имате докази дека некој од ЕУ, на пример Могерини, имал сознанија што се случува во Македонија“, Гејсер одговара:

– Дали макар една нормална личност може да поверува дека никој во ЕУ немал поим што се случува во Македонија? И да е така, во секој случај се виновни зашто се неспособни. Поентата е дека системот на Зоран Заев е продукт на Комисијата на Јункер и на Могерини и на нивниот пристап кон Балканот и сега не можат да го прифатат својот дел од одговорноста. Наместо за тоа се решија за молк.

Како што може да се види во одговорот, Гејсер никаде децидно не тврди дека Могерини знаела за „Рекет“ или дека има докази за тврдењето извадено во насловот, дека таа знаела за „криминалот на Заев и на Боки 13!“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...