fbpx

Добри сигнали од првата средба на премиерот на Северна Македонија со новиот грчки колега

-

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на Генералното собрание на ОН во Њујорк, за првпат се сретна со неговиот колега од Грција Кирјакос Мицотакис со кого разговараа за односите Северна Македонија- Грција.

Главната тема на состанокот беше Договорот од Преспа, потпишан на 17 јуни 2018 година.

По се изгледа, по преземањето на новата функција, грчкиот противник на Договорот од Преспа, Мицотакис, ја смени реториката кон Скопје. Тоа го потврди и на средбата со Заев при што, според грчките медиуми, грчкиот премиер рекол дека „тој лично не би го потпишал, но додал дека ратификацијата е дел од меѓународното право и дека Грција треба да го почитува“.

Од друга страна, Заев истакна дека Владата на Северна Македонија е максимално насочена кон конструктивен пристап во градењето партнерство меѓу двете држави, засновано врз пријателство и взаемен интерес за просперитет на регионот и граѓаните на двете држави.

Микотакис, додека беше во опозиција беше жесток противник на Договорот од Преспа. Партијата што ја води, Нова демократија, имаше став дека името треба да биде сложено со географска одредница и за општа употреба.

„Ние тврдевме дека никако не можеме да прифатиме договор кој на соседната држава му ги дава македонскиот јазик и македонската националност. Се плашам дека нашата критика беше апсолутно оправдана и остануваме посветени на нашата позиција. Ќе гласаме против Договорот од Преспа секогаш кога ќе дојде во Парламентот и ќе се бориме овој договор да не биде ратификуван“, ќе рече Мицотакис на 11 декември 2018 година, додека беше во опозиција.

Промената на уставното име на Македонија дојде по потпишувањето на Договорот од Преспа, и откако беше ратификуван во парламентите на двете држави. После 27 години спор со Грција, Македонија го смени своето име од „Република Македонија“ во „Република Северна Македонија“. Со тоа се отвори патот за членство на Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...