fbpx
Свет Страница 782

Свет

Нигерија: Се урна хеликоптер пред студентски дом

Воен хеликоптер се урна и експлодира пред студентски дом на североистокот на Нигерија, подрачје на кое нигериската војска се бори со исламските екстремисти. Портпаролот на полицијата во нигериската сојузна Адамава не ги изнесе деталите, ниту наведе дали има преживеани, додека сведоците на несреќата велат дека нема...

Пензиониран војник се заканувал со пиштол пред владата на Србија

Пензиониран потполковник на војската на Србија мавтал со пиштол помеѓу главниот и помошниот влез на зградата на Владата и се заканувал дека ќе се убие. По преговорите со полицијата, тој го предал пиштолот, а надлежните го собрале оружјето и мажот го внеле во владината...

Рускиот патријарх Кирил пристигна во Србија

Рускијот патријарх Кирил денеска ја започна тридневната посета на Србија
Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, денеска ја почна тридневната посета на Србија. На аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, патријархот Кирил беше пречекан од министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, српскиот патријарх Иринеј и од амбасадорот на Русија во Србија, Александар Чепурин. Во...

Путин: Санкциите кон Русија се противправни

Рускиот претседател Владимир Путин се надева дека земјите што воведоа санкции кон Москва ќе сфатат дека тие им нанесуваат штета на меѓународните економски односи. - Ова е штетно и секако дека ни нанесува штета и нам, но и на САД, затоа што со тоа се поткопува...

Експлодирала бомба пред објектот на даночната служба во Атина

Пред објектот на даночната служба во Атина вчера експлодирала бомба. Како што јавуваат грчките медиуми, бомбата, која била изработена рачно, причинила само материјална штета. Полицијата вчера ја затворила елитната населба Кифисија откако анонимен човек се јавил во грчки весник и интернтет-портал и рекол дека за половина...

Иса Мустафа ќе биде кандидат за премиер на Косово

Иса Мустафа од Демократски сојуз на Косово ќе биде кандидат за премиер на Косово, пренесува приштинската телевизија „Кохавижн“. Се очекува лидерите на коалицијата ВЛАН денеска да одржат состанок, на кој ќе биде објавен нов политички договор на коалицискиот блок, во кој освен АИК и ДСК,...

Ферхојген: ЕУ мора да направи нешто против заморот од проширување

Поранешниот европски комесар за проширување, Гинтер Ферхојген, денеска во Братислава порача дека Европска Унија мора да направи нешто против заморот од проширување и јасно да каже дека тој процес не беше оптоварување за старите земји-членки, туку дека од него корист имаа сите, пренесуваат медиумите. - Треба...

Загрепскиот суд ја прифатил гаранцијата на Бандиќ за излегување од притвор

Истражниот судија на загрепскиот жупаниски суд ја прифати гаранцијата што за бранење од слобода ја понудиле загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ и другите осомничени во аферата „Аграм“, кои сè уште се наоѓаат во затворот „Реметинeц“, пренесуваат хрватските медиуми. Истражниот судија, Зденко Посавац, на осомничените им забранил контакт со...

САД: Чак Хејгел најави засилување на нападите врз ИСИС

Секретарот за одбрана на САД, Чак Хејгел, денеска најави интензивирање на воздушните напади против ИСИС во Ирак. Хејгел, образложувајќи ја стратегијата на САД во Конгресот, изјави дека ирачките сили се сè поефикасни и дека коалицијата што ја предводат САД, ќе го засили темпото и интензитетот на...

ЕП ја ратификуваше спогодбата за асоцијација со Молдавија

Европскиот парламент денеска го ратификуваше политичкиот и трговски договор меѓу Молдавија и Европска Унија, пренесува „Радио Слободна Европа“. За sпогодбата за асоцијација, која Молдавија ја потпиша во јуни годинава, гласаа 535 пратеници, а 94 беа против. Пред да стапи на сила, спогодбата за асоцијација треба да...

Истанбул: Кривични пријави за напаѓачите на војниците на САД

Дванаесет турски државјани, кои се уапсени по нападот на американските војници во Истанбул, пуштени се денеска на слобода, но постои можност против нив да биде покрената кривична пријава за навреда и за нанесување телесни повреди, јавуваат турските медиуми. Група демонстранти, извикувајќи „Јенки одете си дома“,...

БИХ: Уапсени 11 осомничени за тероризам

Најмалку 11 лица се уапсени во Босна и Херцеговина под сомневање за тероризам, соопштија босанските власти. Повеќе од 100 полицајци учествуваа во акцијата „Дамаск“ на босанската Агенција за разузнавање и заштита (СИПА). При претресот на објектите, спроведен во неколку населени места, се конфискувале предмети кои можат...

(ВИДЕО) Американски војници нападнати во Истанбул

Членови на турската националистичка фракција, вчера, во Истанбул, нападнале морнари на американската флота. Американската амбасада во Анкара денеска изрази протест поради инцидентот. Напаѓачите, кои припаѓаат на Асоцијација на турската младина (ТГБ), прво вербално го нападнале трите припадници на американската морнарица кои застанале во Истанбул по маневрите...

Полицијата со солзавец против студентите во Атина

Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера четириесетината студенти кои насилно се обиделе да влезат во Атинската правна школа. Објектот на правната школа вчера беше затворен во знак на одбележување на годишнината од студентското востание на 17 ноември 1973 година против воената хунта. Портпаролката на...

Медведев: Од САД зависи дали ќе се подобрат односите со Русија

Руско-американските односи можат да се подобрат доколку САД го преземат првиот чекор, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев. - Топката, како што вообичаено се вели, е на нивна страна, тие треба да ги донесат потребните одлуки - изјави Медведев. Според рускиот премиер, надминувањето на проблемите може да се постигне...

Работници два часа висеа на највисоката зграда во САД

Работниците биле заглавени на 400 метри висина
Двајца чистачи на прозорци на новиот Светски трговски центар, речиси два часа виселе откако се скинале сајлите што ја држеле платформата на која стоеле. Во моментот на несреќата, работниците ги чистеле прозорците на 69. кат ,кој е на 400 метри висина на новиот највисок облакодер...

Индија: Уапсен лекарот кој со стерилизација усмрти 13 жени

Индиската полиција го уапси лекарот кој при масовна стерилизација усмрти 13 жени. Како што соопшти полицијата, осомничениот лекар за неколку часа извршил 83 операции во државен здравствен камп во Биласпур, индиската држава Чатисгар. Според првичната истрага, инструментите со кои ги вршел операциите, наводно, не биле...

Лавров и Кери телефонски разговараа за кризата во Украина

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, и државниот секретар на САД, Џон Кери, синоќа телефонски разговараа за ситуацијата во Украина и за текот на преговорите за иранската нуклеарна програма, соопшти портпаролот на Стејт департментот, Џен Саки. За време на разговорот, Лавров и Кери ја истакнале...

САД: Медицински сестри штрајкуваат за подобра заштита од ебола

Најмалку 100.000 медицински сестри протестираа во 15 сојузни американски држави, барајќи подобра заштита на здравствените работници што работат со заболени од ебола. Американскиот Национален сојуз на медицински сестри бара медицинските установи да купат специјална заштитна облека и респиратори, како и да спроведат обука на лицата што се...

Египет ќе ги депортира затворените странски државјани

Египет ќе ги депортира странските државјани кои се осудени на затворски казни во земјата, јавија светските агенции. Одлуката за депортација, која следува по указот на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, се донесува и на австралискиот новинар на телевизија „Ал Џазира“, Питер Грест. Грест во декември...

Претседателот на Иран загина во хеликоптерска несреќа

Претседателот на Иран Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа, потврдуваат иранските медиум, а пренесуваат Би-Би-Си и Гардијан. Во трагедијата загинаа сите патници, меѓу кои беше и министерот за надворешни...