fbpx

Истанбул: Кривични пријави за напаѓачите на војниците на САД

-

Дванаесет турски државјани, кои се уапсени по нападот на американските војници во Истанбул, пуштени се денеска на слобода, но постои можност против нив да биде покрената кривична пријава за навреда и за нанесување телесни повреди, јавуваат турските медиуми.

Група демонстранти, извикувајќи „Јенки одете си дома“, нападнаа тројца американски морнари во Истанбул, во близина на воениот број на САД, кој на пристаништето во Босфорскиот Залив доплови од Црно Море.

Група од околу 10 демонстранти вербално ги нападна морнарите, нарекувајќи ги убијци и говорејќи им да ја напуштат Турција.

Демонстрантите, кои носеле плакати на Унија на млади на Турција, фрлаа врз морнарите црвена боја и на кратко на глава им ставија бели вреќи.

Американската амбасада во Анкара денеска изрази протест поради инцидентот.

„Сигурни сме дека повеќето Турци, заедно со нас, го осудуваат делото кое е спротивно на традиционалното турско гостопримство“, стои во објавата на „Твитер“ на официјалниот профил на Американската амбасада во Анкара.

Инцидентот доаѓа во период кога односите меѓу Турција и САД се затегнати поради сириското прашање. Американскиот потпретседател Џо Бајден, кој сам јавно ја обвини Турција за поддржување на џихадистичката група Исламска држава – ИСИС, на 21 ноември треба да допатува во Истанбул на работна посета.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...