fbpx

Ферхојген: ЕУ мора да направи нешто против заморот од проширување

-

Поранешниот европски комесар за проширување, Гинтер Ферхојген, денеска во Братислава порача дека Европска Унија мора да направи нешто против заморот од проширување и јасно да каже дека тој процес не беше оптоварување за старите земји-членки, туку дека од него корист имаа сите, пренесуваат медиумите.

– Треба да им се порача на европските земји кои сè уште не се дел од Унијата, дека можат да станат – изјавил Ферхојген на економскиот самит „Татра“ што се одржува во словачката престолнина, додавајќи дека воопшто не бил среќен кога претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, изјави дека во наредните пет години нема да има прием на нови земји-членки во Унијата.

Поранешниот германски политичар изјавил дека ЕУ мора да биде свесна дека веродостојната и јасна европска перспектива е најдобриот инструмент за обезбедување мир, демократија и владеење на правото.

Според Ферхојген, токму недостигот од јасна европска перспектива е причината за проблемите што Унијата ги има во политиката со Источното партнерство, замислено како процес на приближување на поранешните советски републики, и со Русија, доколку таа сака, до европските стандарди, преку реформи и економска соработка со ЕУ.

Гинтер Ферхојген беше еврокомесарот што го подготви досега најголемото проширување на ЕУ, со десет нови земји-членки, од кои осум посткомунистички, а кое се случи во 2004 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...