fbpx

Рускиот патријарх Кирил пристигна во Србија

-

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, денеска ја почна тридневната посета на Србија. На аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, патријархот Кирил беше пречекан од министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, српскиот патријарх Иринеј и од амбасадорот на Русија во Србија, Александар Чепурин. Во попладневните часови ќе биде организирана средба на патријархот со претседателот на Србија, Томислав Николиќ, и со премиерот Александар Вучиќ.

За време на посетата, предвидено е патријархот Кирил да го освети споменикот на рускиот цар Николај Втори, кој неодамна е прогласен за светец, и да се сретне со највисоките црковни и државни преставници.

Рускиот поглавар и српскиот патријарх Иринеј ќе разговараат за најважните прашања од христијанскиот свет, како и за сите други прашања поврзани со животот на двете цркви. Двајцата поглавари, в недела, ќе одржат литургија во црквата „Св. Сава“ во Белград.

Ова е втора официјална посета на московскиот патријарх на Србија. Тој минатата година беше во посета на Ниш, кадешто присуствуваше на одбележувањето на 1.700 години од потпишувањето на Миланскиот едикт.

Се одржа тридневна обука за „Борба против дезинформации и проверка на факти“

Десетина млади лица од Југозападниот и Пелагонискиот регион учествуваа на тридневна обука за борба против дезинформации и проверка на факти која се одржа во Струга од 22 до 24...
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Download Nulled WordPress Themes
online free course
download xiomi firmware
Download WordPress Themes
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=