fbpx

Медведев: Од САД зависи дали ќе се подобрат односите со Русија

-

Руско-американските односи можат да се подобрат доколку САД го преземат првиот чекор, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

– Топката, како што вообичаено се вели, е на нивна страна, тие треба да ги донесат потребните одлуки – изјави Медведев.

Според рускиот премиер, надминувањето на проблемите може да се постигне доколку се тргнат санкциите и се вратат на „нормални, мирни и продуктивни преговори“.

Медведев истакна дека почнувањето на преговорите не зависи од Русија бидејќи таа нема воведено санкции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...