fbpx
Македонија Страница 1563

Македонија

Ахмети и Заев разговараа за политичката криза и за оставка на Иванов

Претседателите на ДУИ и на СДСМ, Али Ахмети и Зоран Заев, денеска имале средба од половина час на која разговарале за актуелната ситуација, за општата амнестија на политичарите што ја потпиша претседателот Ѓорге Иванов и за негова оставка. Ставот на двете партии е дека одлуката за аболиција од...

Величковски: Најголемите партии да поднесат заедничка иницијатива за одложување на изборите

Ако претседателот Ѓорге Иванов ја сфати штетата што ја направи со аболицијата, досега ќе ја повлечеше одлуката и ќе си поднесеше оставка, смета претседателот на Либерална партија, Ивон Величковски. „Партиите потписнички на Договорот од Пржино треба да спроведат постапка за импичмент. Иницијативата за повлекување на...

Центарот на Скопје и денеска затворен за сообраќај

Сообраќајот во центарот на Скопје од 13 часот денеска е затворен превентивно поради најавените протести за вечерва. Како што соопшти Автомото-сојузот на Македонија, не се пропуштаат возила од крстосницата помеѓу улиците 11 Октомври и Кочо Рацин, сè до крстосницата на улиците Васил Главинов и Даме Груев. Сообраќајната полиција го пренасочува сообраќајот...

Туск: На Европа ѝ е потребна стабилна Македонија во која има владеење на правото

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска преку „Твитер“ ја осуди одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги сопре сите судски процеси против политичари. „На Европа ѝ е потребна стабилна ФИРОМ водена од владеење на правото. Евроатланската иднина на земјата е ставена на ризик“, напиша...

Заев и Пломп разговараа за изборите и за политичката криза

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп. „Тема на состанокот била актуелната политичка криза во Македонија, усложнета со едностраната одлука на власта за одржување избори на 5 јуни и со апсурдната одлука на Ѓорѓе Иванов...

Царинската управа заплени 22 килограми марихуана

Царинските службеници од одделението за оперативни работи во соработка со Министерството за внатрешни работи, вчера, околу 23. 20 часот, на граничниот премин Табановце на излез од Македонија, селектирале за контрола патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од бугарски државјанин. При детална контрола на возилото...

„Волстрит џурнал“: Можна е забрана за влез во ЕУ на функционери на ВМРО-ДПМНЕ поради одлуката на Иванов

Висок претставник на ЕУ вели дека западните земји ќе се ангажираат поагресивно против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и други високи функционери доколку одлуката за амнестија на Иванов за политичари обвинети за измама и за корупција навистина се спроведе, пишува „Волстрит џурнал“. „Помеѓу можните казни...

Штајнмаер: Иванов им нанесува штета на владеењето на правото и на правниот поредок

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, ја критикуваше контроверзната амнестија на политичарите во Македонија, пишува германскиот весник „Фокус“. - Многу сум загрижен поради последниот развој на настаните – рече Штајнмаер. Тој изјави дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов им нанесува штета на стандардите на владеење...

СДСМ: Груевски нека го повика Иванов да ги поништи сите одлуки за помилување

Откако Македонија се крена на нозе во одбрана на уставниот поредок, државноста и на законите, ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да избега од одговорноста за антидржавната одлука на Ѓорге Иванов, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое владејачката партија предлага сите партии да...

Орав: Политичките партии да се вратат на преговарачка маса

Политичките партии да почнат да се подготвуваат за избори и насилството да запре, порача евроамбасадорот Аиво Орав на промоцијата на проектот финансиран од ЕУ за зајакнување на владеењето на право. Тој се надева дека политичките лидери ќе преземат целосна одговорност и конечно ќе почнат да...

За Ставрески и за Јанкулоска, Талески е „тежок криминалец“, за Иванов е „чист со тапија“

„Коруптивен до даска!“ Вака актуелниот министер за финансии, Зоран Ставрески, во еден од прислушуваните разговори што лани ги објави СДСМ, со својата пронешна колешка, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го окарактеризира договорот на битолскиот градоначалник, Владимир Талески за автобускиот превоз на ученици во...

ВМРО-НП: Политичарите што ќе бидат аболирани, да не смеат 10 години да учествуваат во политика

„ВМРО-Народна партија, анализирајќи ги сите параметри што ги карактеризираат општите состојби во нашата држава, констатира дека Македонија е во длабока криза по сите основи: безбедноста е силно нарушена, економската стабилност е загрозена од внатрешни и од надворешни влијанија, владеењето на правото е комплетно суспендирано,...

Денеска јавна седница на ДИК за конечните бројки

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница треба да ги гласа извештаите за конечните бројки на спорни гласачи од теренската и од административната проверка. Денеска се очекува надлежните органи, односно Министерството за внатрешни работи (МВР) и Управата за евиденција на матични книги (УЕМК), да ги достават...

Вељаноски го потпиша решението и ги распиша изборите

Претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, денеска ги распиша изборите, информираат од неговиот кабинет. Во соопштението од кабинетот на Вељаноски пишува дека тој решението го доставил до Државната изборна комисија како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и до Министерството за...

Плевналиев во разговор со Иванов изразил загриженост за случувањата во Скопје

Бугарскиот претседател, Росен Плевналиев, во телефонски разговор со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, изразил загриженост за случувањата во Скопје и надеж за намалување на тензиите. „Како добар сосед и во својство на претседател на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, Бугарија е подготвена да соработува...

Охридскиот советник Дејан Блажески го повика Бранко Азески да се огради од одлуката на Иванов

Дејан Блажески, член на Советот на Општина Охрид, јавно побара од претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, кој воедно е член и на Економскиот совет на Општина Охрид, да тргне по примерот на Стопанската комора на Северозападна Македонија и во името на...

Аманатидис: Спорот за името не може да се реши со иредентизам и со фалсификување на историјата

Заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Јанис Аманатидис, испрати јасна порака до Македонија дека Грција нема да го прифати само уставното име како решение за спорот за името. Одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот на Златна зора, Илијас Панајотарос, кој ја обвинува грчката влада...

Вељаноски денеска треба да ги распише изборите

Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на РМ, денеска треба да ги распише предвремените парламентарни избори, кои е предвидено да се одржат на 5 јуни. „Во согласност со одлуката за распуштање на Собранието, јас, како претседател, водејќи се врз основа на уставните рамки за распишување избори,...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе предложиме Иванов да ја преиспита одлуката за помилување

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи четирите најголеми политички партии до претседателот Ѓорге Иванов да испратат писмо во кое ќе побараат тој да ја преиспита одлуката за помилување. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека одлуката на Иванов не е во согласност со заложбите на нивната партија. „Нашиот став е...

Денеска топло со температура до 26 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево. Во западните делови ќе има мала до умерена облачност. Ќе дува повремено засилен ветер од северозападен правец, кој попладне ќе го промени правецот во југоисточен. Утринската температура ќе се движи од 5 до 12 Целзиусови степени, а дневната од...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...